Известување за користење услуга на бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2017 година 

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2017 година.Oваа услуга може да ја користат лица - корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и одредбите од договорите за социјално осигурување коишто Република Македонија ги применува, а коишто живеат на територија на Република Македонија и правото на пензија го стекнале заклучно со ноември 2017 година.

Услугата може да се користи еднаш, во период од април до ноември 2017 година, во траење од 3 дена и опфаќа:

  • 2 полни пансиони (2 ноќевања со три оброка дневно), односно пристигнување во петок попладне, а заминување недела попладне и автобуски превоз до хотелскиот објект.

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.За користење на услугата Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2017 година потребно е да се поднесе барање до филијалата Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава филијалата на Фондот. 

При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.

Барањата ќе можат да се поднесуваат 20-ти февруари 2017 година.

Напомнуваме дека лицата–корисници на пензија коишто во 2016 година  добиле право да ја користат услугата од проектот Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија не може да ја користат услугата во 2017 година.

Повеќе информации тука