Советот за социјална сигурност го поддржа зголемувањето на пензиите и развојот на локални услуги за постари лица

Советот за социјална сигурност на којшто денеска присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги поддржа законските измени со кои од идниот месец ќе се зголемат пензиите за сите пензионери за 700 денари. На седницата на Советот се разговараше и за редовните усогласувања на пензиите до крајот на идната година  годината за уште 160 до 200 денари, со кои во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Исто така, на дневен ред беше и развојот на социјални услуги на локално ниво за постарите лица. 

„Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 % и за 5 % на просечната плата. Предложените законски измени се направени во консултација со Сојузот на пензионери и истите ги разгледуваме и на Советот за социјална сигурност“, речe Царовска.

На седницата на Советот се разговараше и за развој на социјални услуги на локално ниво од коишто бенефит треба да имаат постарите лица. За овие услуги општините за следните 5 години имаат на располагање над 10 милиони евра, а од вкупно 65 општини коишто аплицирале за средствата дури 56 планираат да развиваат нега за стари лица во домашни услови. 

Советот го поздрави и укинувањето на квотите за лековите од страна на Министерството за здравство, како и ослободувањето од партиципација за болничко лекување во болниците низ цела држава за пензионерите со пониска пензија од просечната. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }