Деинституционализација

Деинституционализацијата е исто така процес на кој со измените и дополнувањето во Законот за социјална заштита му се дава клучно место. Имено, искуствата добиени од меѓународната соработка со земјите членки на ЕУ и од искуствата добиени од нашата пракса покажаа дека моделот на големи институции треба да се замени со други облици на заштита на корисниците. За таа цел со законот се врши проширување на постојните видови на дневни центри со нови видови на дневни центри и центри за дневно и привремено згрижување и тоа за: деца на улица улични деца за лица кои злоупотребуваат алкохол, дроги и други психотропни супстанци, за бездомници, за жртви на семејно насилство, што секако е резултат на согледаните потреби за помош на овие групи на социјално исклучени лица.

Во рамките на процесот на деинституционализација во законот извршено е подобрување на решенијата поврзани со обликот "сместување во згрижувачко семејство". Помеѓу другото утврден е максималниот број кој може да биде згрижен во семејството (пет лица) но оваа бројка ќе биде прилагодена во зависност од категоријата на сместените лица во едно згрижувачко семејство. Со имплементацијата на овие вонинституционални форми на социјална заштита ќе се овозможи и спроведувањето на процесот на деинститунализација што пак ќе значи приближување до семејството, односно до локалната заедница, можност за реинтегрирање во заедницата но и повисок квалитет на услуги заради индивидуалниот третман на овие лица. Од друга страна на подолг рок тоа ќе значи и намалување на трошоците.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }