21-ви Меѓународен управен комитет–„Декада за вклучување на Ромите 2005-2015„

Во организација на Владата на Република Македонија во Скопје започна 21от Меѓународен управен комитет - Декада за вклучување на Ромите 2005-2015“, на кој се разговара за можностите за унапредување на состојбата на Ромите, за декадните национални планови и стратегии и досега преземените активности.

Пред присутните, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски потенцираше дека вклучувањето на Македонија во меѓународната иницијатива Декада за вклучување на Ромите е израз на нејзината волја  и подготвеност да го намали постојниот јаз меѓу ромската заедница и останатото население и да промовира вистинско мултикултурно општество.

Овој управен комитет за прв пат се одржува во Македонија и тоа во периодот кога Македонија го презема претседавањето со Декадата за Ромите.

"Во целокупното општествено живеење во Македонија Ромите имаат значајна улога и ние како Влада ќе направиме се да ја подобриме нивната состојба, намалувајќи ги сите негативни последици од нивното општествено функционирање, вклучувајќи ги сите асоцијални појави, но ќе работиме и на подобрување на економската состојба за да се избегнат сите вештачки состојби на барање азил. Тоа значи дека ќе работиме  на нивно целосно вклучување во општествените текови", рече министерот Ристовски.

Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика рече дека покрај останатите преземени активности во Македонија во тек се проекти за инклузија на децата Роми во градинките.

"Со отпочнувањето на процесот на Декадата првпат се подготвуваат посебни програми и проекти наменети за ромската популација. Во рамки на проектот за вклучување на Ромите во предучилишно образование, 1.000 ромски дека бесплатно посетуваат градинки во мешани групи", рече Камбери.

Министерот Ристовски посочи дека инклузијата на децата Роми во предучилишните установи е прв стратешки проект преку кој треба да се обезбеди нивно дополнително вклучување во основно и средно образование.

"Исто така, се врши стипендирање на децата Роми во средното образование, во тек е реализацијата на проектот за условени парични трансфери со кој на социјално загрозените семејства, кои претежно се ромски, им се доделуваат дополнителни средства ако нивните деца редовно посетуваат настава. Истовремено, заедно со Министерството за внатрешни работи работиме на проектот за упис во матичните евиденции на лица коишто не се запишани, а во тек е и акцијата за стопирање на експлоатацијата на детскиот труд", рече министерот за труд и социјална политика.

Свои обраќања покрај министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, министерот без ресор и национален координатор за Декадата во Република Македонија, Неждет Мустафа, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Амди Бајрам, министерот советник од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Роберт Лидл,  директорот на Институт отворено општество иницијативи за Ромите (ОСРИ) – Будимпешта, Жељко Јовановиќ, и директорот на Светска банка, одделение за развој на човечки ресурси, регион за Европа и централна Азија, Мамта Мурти.  

21от  Меѓународен управен комитет е во организација на Владата на Република Македонија и ќе се одржи на 29 и 30 септември 2011 година и на истиот ќе се говори за Декадните национални планови и Стратегии на Ромите, за активностите на Советот на Европа за Ромите, а ќе биде поднесен и Извештај на националните координатори за имплементацијата на Акционите планови од Декадата за Ромите за 2011 година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }