Проект "Поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите – ИПА 2007"

 
Основната цел на проектот „Поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите„ (Support to the Implementation to the Strategy of Roma) е зајакнување на институционалниот капацитет на координативните структури за имплементација на националната Стратегија за Ромите и Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, со единствена цел да придонесе кон подобрување на состојбата на Ромите во земјата.

Проектот ја обезбедува својата помош и поддршка преку реализација на две клучни компоненти:

  • Зајакнување на оперативната координативна структура за имплементација на Стратегијата за Ромите и 
  • Поддршка за имплементацијата на акциони планови со фокус на локални акциони планови.

Корисници на проектот се Министерството за труд и социјална политика–Одделение за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите, Кабинетот на Министерот без ресор како Национален координатор за Стратегијата и Декадата на Ромите и Национално координативно тело за имплементација на Стратегијата за Ромите. Целни групи се вработените во ОИСДР во МТСП, членовите на Националното координативно тело за имплементација на Стратегијата за Ромите и вработените во ромските информативни центри низ земјата. Индиректни корисници на проектот се локалните ромски невладини организации и државни службеници од одредени (клучни) општини кои се вклучени во спроведувањето на локалните акциони планови. 

Проектот својата мисија ја реализира преку оценка на постоечките институционални капацитети и планови, организирање и спроведување на конкретни обуки, помош за организирање на студиска посета на земја членка на ЕУ, активности за подигнување на јавната свест, како и преку развивање на човечките ресурси на локално ниво за ефективна имплементација на Стратегијата за Ромите.

Проектот го спроведува BBI конзорциумот составен од: Bernard Brunhes International (Франција) – водечки партнер и членовите - LDK – Consultants Engineers and Planners S.A. (Грција), ECIP Foundation (Бугарија), и Roma Institute n.o. (Словачка). Проектните активности се спроведуваат во период од 18 месеци, од 17 јануари 2011 до 16 јули 2012.

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }