Право на парична помош за студирање  

Право на парична помош за студирање остваруваат лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа, под услов да се запишани како редовни или вонредни студенти на јавните високообразовни установи (прв и втор степен на студии и докторски студии).

Висината на паричната помош за студирање изнесува 18.000 денари, односно 24.000 денари, во зависност од тоа дали лицето користи социјален стан под закуп.