Настани/најави/соопштенија
31.01.2025
Лимани во посета на Демир Хисар: Секој граѓанин е важен и секоја помош е добредојдена-да ја негуваме хуманоста како една од највозвишените човекови одлики
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани беше во посета на неколку институции во Општина Демир Хисар.
Посетата започна со донација на хуманитарни хигиенски пакети за лицата кои ги користат услугите на ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар.
Повеќе
30.01.2025
Донаторска конференција со фокус на младите во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска ја отвори донаторската конференција организирана со цел поттикнување на развојот и имплементацијата на проекти фокусирани на младите, како дел од политиките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Повеќе
29.01.2024
Лимани во посета на Гостивар: Соработката со општините е клучна, ги прошируваме капацитетите на градинките и обезбедуваме нови вработувања
Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска беше во посета на неколку институции од социјална и детска заштита во Општина Гостивар.
Повеќе
27.01.2025
Лимани: Со заеднички труд да го унапредиме квалитетот на предучилишното образование и ја афирмираме професијата воспитувач
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со Деканот на Филозофскиот факултет-Скопје, проф. д-р Оливер Бакрески и Вишиот специјалист за образование од Светска Банка, Бојана Нацева присуствуваа на средба со Консултативната работна група за ран детски развој во присуство на декани од педагошките факултети во државата, професори, експерти, вработени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Проектната единица на министерството.
Повеќе
24.01.2025
Лимани: Да се слушне гласот на децата жртви од страна на креаторите на политиките е од круцијално значење во борбата против трговијата со луѓе
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска го посети Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена Порта и децата жртви на трговија со луѓе.
На средбата се разговараше за политиките на Министерството кое е целосно посветено на борбата против трговијата со луѓе, исполнувајќи ги законските барања и пракси во врска со развивање и подобрување на националните политики за превенција, подигање на јавната свест, насочување на интервенциите за заштита на жртвите на трговија со луѓе врз основа на почитувањето на основните човекови права и слободи.
Повеќе
22.01.2024
Градинката „Рилиндја“ во Тетово официјално отворена, подготвена да згрижи 165 деца
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами официјално го означија отворањето на новата детска градинка „Рилиндја“ при Јавната установа за згрижување на деца „Младост“-Тетово.
Повеќе
09.01.2025
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
Заменик министерот и Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и Фатмир Сабриу, денеска присуствуваа на презентацијата на третиот јавен повик за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво, како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги при Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Светска банка. Социјалните услуги кои ќе бидат финансирани преку повикот се услугите во домот и услугите во заедницата.
Повеќе
03.01.2025
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2024 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 03 Јануари 2025 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
- 03.01.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
- 08.01.2025– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
30.12.2024
Лимани во посета на лицата со попреченост: Различностите го зајакнуваат општеството, да обезбедиме еднакви услови и шанси за сите
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ги посети корисниците на социјални услуги при ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје.
Повеќе
26.12.2024
Сабриу: Да ја подигнеме свеста и поттикнеме разбирање за целосно препознавање на талентите и потенцијалот на жените со попреченост
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на панел дискусија на тема „Предизвици и успеси на девојките и младите жени со попреченост“ во организација на Центарот за младинскиот активизам Крик.
Повеќе
26.12.2024
Одржана конститутивна седница на Советот за социјална сигурност
Денеска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски се обрати на конститутивната седница на Советот за социјална сигурност кој е основан со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.
Повеќе
24.12.2024
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза“
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Изет Зеќири денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје.
Повеќе