Покана - јавна дискусија за Стратегија за Социјални Претпријатија
Почитувани, Министерството за труд и социјална политика ја поканува заинтересираната јавност на јавна дискусија за нацрт- верзијата на првата Национална стратегија за социјалните претпријатија, што ќе се одржи на 18.11.2020 година (среда), со почеток во 10:00 часот. Поради состојбата со Ковид-19 и предвидените мерки за заштита, дискусијата ќе се одвива онлајн, на платформата ЗУМ.
За настанот може да се регистрирате следејќи го следниот линк: https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIqcumvqzgiE9T36b4WrvNCRE_GJQyafhVu
По извршената регистрација, ќе добиете потврден е-меил кој што ќе содржи информации како да се вклучите во јавната дискусија.
Нацрт-стратегијата е подготвена со целосна вклученост на сите засегнати страни, во процес кој траеше 12 месеци, и кој истовремено значеше и зајакнување на капацитетите на сите вклучени учесници. Во процесот на подготовка беа организирани 10 работни групи, беа одржани над 50 индивидуални состаноци и консултации, организиран завршен настан со присуство на над 60 учесници од екосистемот, Во овој период се имплементираше широк консултативен, партиципативен и едукативен процес кој резултираше со изработка на нацрт финалната верзија на Стратегијата за социјални претпријатија и тригодишен Акциски план за имплементација, кои се предмет на оваа јавна дискусија.
Нацрт-финалната Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија ги дефинира основните цели и активности за периодот 2021-2024 година, со цел да се создаде правна, финансиска и институционална рамка за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија. Целта на стратегијата е развој на одржлив еко-систем кој ќе допринесе во поттик, препознавање, поддршка и развој и за социјалните претпријатија во земјава. Таа предвидува мерки и активности кои се групирани во четири стратешки приоритети:
1) Креирање на кулутура на социјално претприемаштво;
2) Развој на капацитетите на социјалните претпријатија и на учесниците во еко-системот;
3) Развој на пазари за социјалните претпријатија и
4) Градење на финансиски еко-систем за социјалните претпријатија.
Агенда
Стратегијата за социјални претпријатија (MK верзија)
Акциски план за имплементација (МК верзија)