Кампањата за здрави работни места – Олеснете го товарот (Healthy Workplaces Lighten the Load) на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) се спроведува во период од две години (2020-2022).
Во фокусот на оваа широка Кампања во областа на БЗР, која ќе се реализира во сите земји-членки на Европската унија и земјите кандидати за членство, ќе бидат превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места.
Иако МСН можат да бидат превенирани, тие сепак и понатаму остануваат најчестиот здравствен проблем поврзан со работата, а тоа е причина за загриженост не само поради нивните ефекти врз индивидуалното здравје на работниците, туку и поради штетното влијание кое го имаат врз деловните субјекти и врз националните економии.
Кампањата е официјално промовирана и лансирана на прес-конференција во Брисел, на 12.10.2020 год.
Официјална web-страна на кампањата: https://healthy-workplaces.eu/en
Видеа
*****Кратки видеа на EU-OSHA каде во фокусот е неопходноста да се биде повеќе активен на работното место со цел да се превенираат здравствените проблеми, како што се мускулно-скелетните нарушувања (МСН) и срцевите заболувања, поврзани со работата која се извршува во долготрајна и континуирана седечка положба.
Видео: Stay active at work (MK)
Видео: Sedentary Work (MK)
NAPO кратки анимирани филмови на тема мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата и превенција
Материјали поврзани со кампањата
- Флаер за Кампањата (МК) (EN)
- Постер (МК) (EN)
- Водич за Кампањата (МК) (EN)
- Флаер - Повик: Награда за добри практики за здрави работни места (МК) (EN)
- Презентација: „Ергономија како основа за превентивни мерки од мускулоскелетни заболувања“, Доц.д-р Трајче Велковски, Машински факултет – Скопје (превземи)
- Статија: „KАМПАЊА ЗА ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА – ОЛЕСНЕТЕ ГО ТОВАРОТ (2020-2022) / Мускулно-скелетни нарушувања (МСН) поврзани со работата“ – Дарко Дочински, МТСП (објавена во стручното списание за БЗР „ТУТЕЛА“, бр. 9, 28.4.2022 год.) Линк
Информации, вести и соопштенија поврзани со кампањата и МСН
- (14.3.2022) Работа која се извршува во седечка позиција
Многу работи задачи и работни места вклучуваат долготрајно и продолжено седење. Ризиците по здравјето на работникот кои се поврзуваат со долготрајното седење на работа, се многу добро документирани и докажани. Тие вклучуваат ризици од појава на МСН (мускулно-скелетни нарушувања), но исто така и други здравствени проблеми, како што се дијабетесот и срцевите заболувања. Постојат методи, алатки и техники со кои овие ризици можат да се минимизираат. На следниот линк можете да пронајдете корисни информации, материјали, совети и останати ресурси поврзани со работа што се извршува во долготрајна седечка положба и заштитата на здравјето на работникот.
- (26.3.2021) EU-OSHA продуцираше и објави 6 нови кратки видеа со анимираниот лик НАПО, исполнети со хумор и одлични совети и препораки, за подигнување на свеста за мускулно-скелетните нарушувања поврзани со работата.
- Долготрајната седечка работа, монотоните и повторувачки движења, недостатокот на физичка активност и подигнувањето на тешки товари се само некои од ризик-факторите за појава на мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, со кои се соочуваат работниците на своите работни места. Навремената (рана) интервенција, техничките и организациските превентивни мерки, ергономска опрема и свесноста/грижата за мускулно-скелетното здравје уште од школската возраст, можат да ја подобрат состојбата и да ја превенираат појавата на МСН поврзани со работата. Повеќе
- (19.1.2021)Поддршка на муслулно-скелетното здравје на работното место, инфо-брошура на EU-OSHA
- (11.1.2021) Превенција на мускулно-скелетните нарушувања во градежништвото. Статија и документ за дискусија на EU-OSHA
- (20.10.2020)Во рамки на Европската недела за БЗР и во функција на промовирање на Европската кампања за здрави работни места, доделени плакетите на најдобро рангираните во изборот за Националната награда на компанија со најдобра пракса за БЗР 2020.
- (12.10.2020)Официјално отпочнување на Кампањата за здрави работни места – Олеснете го товарот, на EU-OSHA.