27.02.2024

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР - 2024

Почитувани,

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и оваа година организира Избор за доделување на Националнааграда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

Повеќе

26.12.2023 

Анализа за состојбите со БЗР во секторот - земјоделие

Во рамки на Проектот за „Подобрување на условите за работа“, финансиран од ЕУ (IPA), подготвена е Анализа на моменталната состојба во Република Северна Македонија во делот на безбедноста и здравјето при работа во земјоделскиот сектор, со предлог мерки и препораки за подобрување на состојбите. Автор на анализата е проф. д-р Јасмина Чалоска.   

Преземи го Извештајот



27.10.2023

Одбележана Европската недела за БЗР и Доделени признанијата во изборот за Национална награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа 2023 

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика и Советот за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“, на 25 октомври организираа пригоден настан/конференција, на која учесниците дадоа заеднички придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места.  

Повеќе
07.02.2023

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР - 2023

Почитувани,

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа. 

Повеќе

2.11.2022

Објавен е нов Правилник за безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар (Службен весник бр.227/22)

28.10.2022

Одбележана Европската недела за безбедност и здравје при работа 2022

Во чест на одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа (24 до 28 октомври 2022 год.) во Скопје на 28.10.2022 год. се одржа пригоден настан во организација на Министерството за труд и социјална политика, Советот за БЗР и со поддршка на канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје. На настанот учествуваа претставници на сите релевантни чинители кои делуваат во областа на БЗР во нашата држава. 

Повеќе

28.10.2022 

Доделени признанијата во изборот за Национална награда за компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа 2022         

Повеќе

28.4.2022

Одбележан 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

По повод 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, во организација на Министерството за труд и социјална политика, Советот за БЗР и Меѓународната организација натрудот (МОТ),  се одржа пригоден настан (конференција) за одбележување на овој значен датум, на кој беа поканети и учествуваа претставници на сите релевантни чинители кои делуваат во областа на БЗР во Република Северна Македонија.

Конференцијата во Скопје се одржа под насловот „Да делуваме ЗАЕДНО за да градиме позитивна БЗР култура!“, во духот на овогодинешното мото и носечките пораки поврзани со одбележувањето на овој ден, а претставени од страна на МОТ.   

Повеќе

21.03.2022

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР-2022

Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

Повеќе

(3.12.2021) Работна посета на делегација од Црна Гора во Министерството за труд и социјална политика 

Претставници од Министерството за труд и социјална политика денес остварија работна средба со делегација од Министерството за економски развој на Црна Гора, предводена од г-ѓа Даниела Шуковиќ, Началничка на Дирекцијата за безбедност и здравје при работа во Директоратот за работа и вработување. На средбата беа разменети мислења и споделени искуства за поголем број на актуелни теми и прашања поврзани со безбедноста и здравјето при работа во двете држави.

Повеќе

(26.11.2021) „За работни места без насилство и вознемирување“

Нов видео спот изработен со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ), како поддршка на иницијативата за ратификација на Конвенцијата за спречување насилство и вознемирување во светот на работата od 2019 godina (бр.190).

(4.11.2021) Доделени признанијата во Изборот за компанија со најдобра пракса за БЗР 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава, во рамки на овогодинешниот избор за доделување на Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2021.

Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе
(25.10.2021) Европска недела за БЗР (25-29 октомври 2021 година)

Во периодот од 25 до 29 октомври 2021 година се одбележува Европската недела за безбедност и здравје при работа, која е посветена, пред сè на подигнување на свеста кај јавноста и кај сите засегнати чинители за важноста и бенефитите од воспоставувањето и имплементацијата на ефикасни системи, политики и мерки за заштита и зачувување на здравјето и безбедноста на работниците на работните места. Подигнување на свеста за важноста на активното и партиципативно управување со безбедноста и здравјето на работното место.

Повеќе

(05.10.2021) Одржана јавна презентација и расправа за нацрт – текстовите на новата Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021 – 2025 и новиот Акциски план за БЗР за периодот 2021-2023 година

Повеќе

(23.9.2021)  Повик за јавни консултации за подготвените нацрт-документи:

                     Стратегија за БЗР 2021-2025  и  Акциски план за БЗР 2021-2023

Повеќе

(28.04.2021) Одбележан „28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа“ со on-line настан во организација на Советот за БЗР и Министерството за труд и социјална политика на тема „Да инвестираме сега во силни и флексибилни системи за БЗР !“

Повеќе

(6.4.2021) 7-ми април, Светски ден на здравјето „Да градиме поправеден, поздрав свет!“

Повеќе

(25.1.2021) Објавен е нов Правилник за формата и содржината на уверението за положен стручен испит за стручно лице за безбедност при работа (Сл.весник 18/2021)

(20.10.2020) Доделени признанијата во Изборот за компанија со најдобра пракса за БЗР 2020

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании во нашата држава, во рамки на овогодинешниот избор за доделување на Националната награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020. Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа, со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

(6.7.2020)  Министерството за здравство донесе Решение за повторно отпочнување на спроведувањето на здравствените прегледи на вработените, согласно одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа

 

(30.3.2020) Соопштение за одложување на постапката за избор и доделување на Наградата за компанија со најдобра пракса за БЗР за 2019 година

Повеќе
(23.3.2020)  МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето, затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата. 

Повеќе

Препораки за работа при високи температури 

Препораки за заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и изложеност на високи температури (препораки за работодавачите и препораки за вработените)

(12.2.2020)  Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда за најдобра пракса за БЗР за 2019 година

Повик за учество во изборот за доделување на Национална награда за најдобра пракса за БЗР за 2019 година.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }