Проект за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток
Цел: развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот.
Услугата за одмор и рекреација може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца корисници на посебен додаток, детски додаток и децата без родители и родителска грижа редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение.
Услугата може да се користи од страна на 2000 деца во текот на летниот распуст и 1000 деца во текот на зимскиот распуст.
Со услугата за одмор и рекреација, за време на летниот распуст на корисниците им се обезбедува престој од 7 дена (шест полни пансиони со три оброка дневно), а за време на зимскиот распуст на корисниците им се обезбедува престој од 6 дена (пет полни пансиони со три оброка дневно ).
Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјална работа до одмаралиштето/хотелот и обратно ќе биде организиран.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.
Постигнати резултати:
Со проектот од 2012 година до сега (со зима 2020) опфатени се вкупно 15.680 деца.
Проектот не се реализира лето 2020 година, зима и лето 2021 година и зима 2022 година, заради пандемијата со КОВИД 19.
Проектот повторно започна да се реализира од лето 2022 година, зима 2023 година, а услугата за одмор и рекреација ја искористија вкупно 519 лица.
Услугата за одмор и рекреација започнувајќи од 2012 година, па се до зима 2023 година, ја искористиле 16.190 лица.