Програма на ЕУ „Вработување и социјални иновации“ – ЕаСи  (employment and social innovation - EaSi)


Програмата „Вработување и социјални иновации“ – ЕаСи (Employment and Social Innovation - EaSi) е финансиски инструмент на Европската Унија со кој директно управува Европската комисија. Програмата обезбедува поддршка на вработувањето, социјалната политика и мобилноста на работната сила во ЕУ. Со овој инструмент се финансира развој и тестирање на иновативни решенија за поттикнување на одржлив долгорочен раст и работни места, намалување на разликите помеѓу државите членки и постигнување на напредок во намалување на социјалната нееднаквост.

Повеќе

ПРОГРЕС: Модернизација на политиките за вработување и социјалните политики

Потпрограмата Прогрес со која директно управува Европската комисија е главниот инструмент за унапредување на реформите во политиките за вработување и социјалните политики. Целта на оваа програма е да придонесе кон спроведување на стратегијата Европа 2020, вклучувајќи ги нејзините главни цели, интегрирани насоки и клучните иницијативи. Програмата ќе продолжи да ги поддржува политиките на ЕУ на три подрачја: поттикнување на висок квалитет и одржливост на вработувањето; гарантирање на соодветна и пристојна социјална заштита и борба против социјалното исклучување и сиромаштијата; подобрување на условите за работа. Средствата се распределени на следниов начин:

Повеќе

Јавни повици

Активностите што ќе се финансираат се дефинираат во годишна работна програма што ја усвојува Комитетот на Програмата во Брисел.

Проектите ќе се доделуваат на Јавни повици за грантови/Објави на тендери.

Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE)

Во ноември 2020 година, започна да се спроведува тригодишниот проект ,,Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE)“, поддржан од Европската Унија преку програмата „Вработување и социјални иновации – ЕаСИ“.

Повеќе

Повик за учество во анкета за искуствата, ставовите и очекувањата во однос на 

долгорочната нега и грижа       

Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика ги поканува сите заинтересирани граѓани и засегнати страни да учествуваат во Анкетата за искуствата, ставовите и очекувањата во однос на долгорочната нега и грижа.

Повеќе

Микрофинансирање и социјално претприемништво

Информации за финансиските институции

Европската комисија не ги финансира директно претприемачите и социјалните претпријатија, туку им овозможува на селектирани провајдери на микро-кредити (финансиски посредници) да го зголемат кредитирањето на претприемачите и социјалните претпријатија.

Повеќе

Информации за претприемачите и микро-претпријатијата

Финансии за микропретпријатијата и социјалните претприемачи обезбедуваат директно селектирани, овластени финансиски посредници од Европскиот инвестициски фонд. На следниов линк се прикажани овластените финансиски посредници низ Европа:

https://www.eif.org/what_we_do/microfinance/easi/easi-signatures.pdf

 Во Република Северна Македонија, Шпаркасе Македонија има потпишано договор за финансиска гаранција со Европскиот инвестициски фонд во рамки на програмата ЕаСИ. Со финансиската гаранција во висина од 168.000 евра се обезбедува (презема ризикот за) портфолио од кредити во висина од околу 1,5 мил. евра.

Програмата на Шпаркасе Банка Македонија се вика "Чекор по чекор" и поддржува млади претприемачи кои имаат идеја да создадат сопствен бизнис и имаат потреба од финансиски средства за понатамошен развој. Програмата е наменета за компании кои се регистрирани помалку од 24 месеци, имаат потреба од финансиска и образовна поддршка, се во фаза на започнување или во фаза на развој и вработуваат еден или помалку од 10 вработени. За овие компании, "Чекор по чекор" обезбедува кредити во висина до 25.000 евра. 

Шпаркасе Банка Македонија ќе ја спроведува програмата во соработка со Social Impact Lab и Start-up Academy, преку спроведување на осум различни образовни модули. 

Техничка помош за финансиските посредници

За финансиските посредници ќе биде достапна техничка помош.

Достапни се три облици на техничка помош:

  • Спроведување на оценка на институцијата (assessment) или утврдување на рејтинг на институцијата (rating) од страна на независни специјализирани куќи и подготвување на извештај од спроведената оценка или рангирање. Во согласност со наодите во извештаите се договара и се спроведува обука за вработените и менаџментот на организацијата;
  • Учество во работилници и семинари на теми поврзани со микрофинансирање;
  • Консултации за провајдерите на микрокредити за Европскиот кодекс на однесување при обезбедување на микрокредити.За користење на техничката помош се објавуваат повици за изразување на интерес на веб страницата https://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=1081.
Опслужувањето на заинтересираните организации е според начелото „прв дојден, прв услужен“.

Контакт лица за програмата

Александра Славкоска

Teл. + 389 3106 358

Анкица Ивановски

Teл. + 389 3106 358

Документи

Регулативата (ЕУ) на Европскиот Парламент и на Советот, бр. 1296/2013 од 11 декември 2013 за програмата на Европската Унија „Вработување и социјални иновации“

Закон за ратификација на спогодбата меѓу Република Македонија и Европската Унија за учество на Република Македонија во програмата на Европската Унија „Вработување и социјални иновации" Службен весник на РМ" бр. 125 од 24.07.2015.

Линкови

Програма ЕаСи

http://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=1081

Европски инвестициски фонд

http://www.eif.org/index.htm

Директорат за вработување, социјални прашања и вклучување

http://ec.europa.eu/social/home.jsp?langId=en

Секретаријат за европски прашања

http://www.sep.gov.mk/

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }