Настани/најави/соопштенија
01.06.2023
МТСП: Јавна дебата за новиот предлог Закон за родова еднаквост во Струмица
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска организираше јавна расправа за Законот за родова еднаквост во Струмица каде беа поканети сите релевантни чинители, претставници од општината и граѓанските организации како и граѓани на Струмица. Со оваа јавна дебата министерката уште еднаш покажа дека транспарентноста на носењето на закони на Министерството за труд и социјална политика секогаш е на прво место.
Повеќе
01.06.2023
Тренчевска: Што е можно повеќе детски насмевки преку успешни социјални реформи и спроведени акции
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го отвори настанот „За повеќе детски насмевки“ кој што има за цел промоција на згрижувачки семејства. На настанот се обратија и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадиновски и националната директорка на СОС Детско село – Македонија Г-ѓа Јулијана Гапо.
Повеќе
01.06.2023
Хусејин: МТСП продолжува да работи на унапредување, развивање, јакнење и поддршка на згрижувачките семејства
Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин се обрати на настанот „Семеен пикник”, организиран по повод 1 Јуни-Денот на згрижувачките семејства.
Повеќе
01.06.2023
Хусејин: Министерството за труд и социјална политика ќе даде целосна поддршка на сите проекти кои допринесуваат за интеграција на Ромската заедница во општествените текови
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на настанот организиран по повод отпочнување на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ”. Истиот е организиран од невладината организација „СОНЦЕ".
Повеќе
31.05.2023
Тренчевска: Секогаш е вистинско време за носење на Закон кој ќе биде во согласност со промените во трудовата област
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на годишната конференција „Преминот помеѓу постоечкото и новото работно законодавство во Северна Македонија – премногу рано или премногу доцна за нов закон за работните односи?“ во организација на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, а со поддршката на Меѓународната организација на трудот. Поздравно се обратија и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Сашо Георгиевски, Претседателот на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, Тодор Каламатиев, Потпретседателот на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, Александар Ристовски и националниот координатор на Меѓународната организација на трудот во Северна Македонија, Емил Крстановски.
Повеќе
30.05.2023
Хусејин: Развојот на инклузивната и отворена трудова политика, особено во делот за вработување, се клучен елемент за унапредување на квалитетот на живот на секој од нас
Заменикот министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска и министерот за здравство д - р Фатмир Меџити беа присутни на настан организиран по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. Настанот беше во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.
Повеќе
30.05.2023
МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната година 2022/2023 година
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година.
Повеќе
30.05.2023
Тренчевска: Посветено работиме на развивање и подобрување на националните политики за превенција и подигање на јавната свест за појавата на трговијата со луѓе
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорот на ГИЗ во Република Северна Македонија Давид Оберхубер и директорот на MARRI, Сашко Коцев со своите поздравни обраќања ја отворија регионалната конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“ организирана во рамките на проектот на Германско друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“.
Повеќе
30.05.2023
МТСП: Во тек е етапната исплата на пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека етапната исплата на пензиите за месец мај е во тек.
Повеќе
29.05.2023
Хусејин: Дигиталниот толкувачки сервис е чекор напред кон еднаквите можности
Заменик министерот на министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за здравство, Фатмир Меџети се обратија на промоцијата на пилот-проект „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви„.
Повеќе
29.05.2023
Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с. Градец
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани и шефот на секторот за соработка во ЕУ, Штефен Худолин во село Градец во општина Врапчиште официјално го отворија новиот центар за лица со попреченост.
Повеќе
25.05.2023
Достигнувања и придобивки на мерката Самовработување од Оперативниот план
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати и комуникологот, Бојан Кордалов се сретнаа со млади лица во Центарот за социјално претприемништво и разговараа за придобивките и достигнувањата на мерката Самовработување од Оперативниот план кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Повеќе