Законот за заштита од вознемирување на работното место („Службен весник на Република Македонија“, бр. 79/2013 и 147/2015), предвидува постапка за заштита во случај на вознемирување на работното место, која се одвива кај работодавачот и има за цел случајот на вознемирување да се реши кај работодавачот и да не заврши со судска постапка.

Истата, согласно законот, се одбвива на следниот начин:

  • Вработениот или лицето ангажирано со договор кое учествува во работата кај работодавачот, а кое смета дека е изложено на вознемирување на работното место, треба писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано и да го предупреди дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане.
  • Доколку вознемирувањето не престане, вработениот или лицето ангажирано со договор кој учествува во работата кај работодавачот, кој смета дека е изложено на вознемирување, пред поднесувањето на тужба пред надлежен суд поднесува писмено барање за заштита од вознемирување на работно место до работодавачот. Притоа, вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување од страна на работоводен орган во правното лице или физичко лице како работодавач, може да поднесе тужба пред надлежниот суд,  по претходното писмено предупредување до вршителот на вознемирувањето, без претходна постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот.
  • Барањето за заштита од вознемирување се поднесува до одговорното лице кај работодавачот со својство на правно лице (директор или друго овластено лице), односно до работодавачот со својство на физичко лице или друго лице кое тие ќе го овластат. 
  • Барање за заштита од вознемирување може да го поднесе и претставник на синдикатот, лице надлежно за работите за безбедност и здравје при работа или за управување на човечки ресурси и претставник на вработените, по писмена согласност на вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место.

Барањето, треба да ги содржи следните елементи:

  • податоци за подносителот на барањето, 
  • податоци за вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, ако не е подносител на барањето,
  • податоци за вработениот кој се смета дека врши вознемирување, 
  • краток опис на однесувањето за кое оправдано се смета дека претставува вознемирување на работно место,   
  • траење и зачестеност на однесувањата кои се сметаат за вознемирување на работно место, како и датумот кога последен пат е извршено тоа однесување и         
  • наведување на факти и докази.

Наведеното барање може да се поднесе најдоцна во рок од шест месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место. Со истекот на овој рок, правото за поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место застарува. Работодавачот има обврска да постапи по барањето и да спроведе постапка согласно истиот закон.

Секој работник може да започне претходна постапка заради заштита од вознемирување, а потоа, доколку не сака или не е задоволен од исходот на постапката, може да поведе постапка пред надлежен суд.

Доколку работодавачот не постапи по барањето на работникот и не спроведе постапка согласно закон, работникот може да поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд, кој е надлежен за надзор над спроведувањето на законот.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }