Почетна
Банери
Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита
Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита
Известување
Лиценците за стручните работници кои на 08.10.2024 и 16.10.2024 година, успешно го положија теоретскиот и практичниот дел од стручниот испит, се изготвени.
Истите можат да се подигнат во период од 04.11.2024 до 08.11.2024 година, од 09:00 -15:00 во просториите на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје.
Пријавување за почетна едукација
Стручните работници, вработени во установа за социјална заштита или кај друг давател на социјална услуга, кои работат директно на давање на социјалната услуга, треба да поседуваат лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита.
Еден од условите за издавање на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, е стручниот работник да има поминато/завршено почетна едукација спроведена согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници, во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги. Согласно оваа Програма, ЈУ Завод за социјални дејности спроведува:
- Почетна едукација за стекнување со општа лиценца и
- Почетна едукација за стекнување со посебна лиценца за водител на случај.
Повеќе
Постапка за полагање стручен испит
Стручните работници кои целосно ја поминале/завршиле почетната едукација, поднесуваат барање за полагање на испит за стекнување со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, во сесиите за аплицирање за издавање на лиценца за работа, кои се објавуваат во делот Известување.
Барањето за полагање на испит за стекнување со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита се поднесува заедно со потребната документација објавена во банерот Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита/Документација потребна за издавање.
Повеќе
Сесии за аплицирање за издавање на лиценца за работа
Комисијата за лиценцирање објавува сесии за аплицирање за издавање на општа лиценца за работа во дејноста социјална заштита и сесии за стекнување со посебна лиценца за водител на случај
Доколку потребната документација се доставува по пошта потребно е на ковертот да се назначи точно за која лиценца се аплицира.
Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име)
НАПОМЕНА: КАНДИДАТИТЕ КОИ ЌЕ АПЛИЦИРААТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ Е ТОА ОПШТА ЛИЦЕНЦА ИЛИ ПОСЕБНА ЛИЦЕНЦА ЗА ВОДИТЕЛ НА СЛУЧАЈ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР И ДА ГО ПОЧИТУВААТ РОКОТ ЗА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ. БАРАЊАТА КОИ СЕ ПОДНЕСЕНИ ПО ИСТЕКОТ НА ПРЕДВИДЕНИОТ РОК, НЕМА ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ВО ПРЕДВИД.
Издавање на општа лиценца за работа
Издавање на општа лиценца за работа, се врши на стручни работници вработени во дејноста социјална заштита, односно вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги. На вработените во јавните установи лиценца за работа во дејноста социјална заштита им се издава само доколку се распоредени на работно место даватели на јавни услуги.
Аплицирањето за издавање на лиценца се врши во точно определени сесии за аплицирање кои се објавуваат во делот Известување.
Кандидатите кои аплицираат во сесиите за издавање на лиценца за работа, потребно е да поднесат барањето за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за аплицирање:
Повеќе
Издавање на посебна лиценца за водител на случај
Посебна лиценца за водител на случај се издава на стручни работници вработени во центар за социјална работа. За посебна лиценца за водител на случај може да аплицираат вработените во центар за социјална работа кои се распоредени на работно место водител на случај.
Аплицирањето за стекнување со посебна лиценца за водител на случај се врши во точно определени сесии кои се објавуваат во делот Известување.
Кандидатите кои аплицираат е потребно да поднесат барање за полагање на посебен испит за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје , ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање (за посебна лиценца), по пошта или лично во архива.
Потребни документи за аплицирање:
Повеќе
Следење на континуирана професионална едукација
Стручните работници кои се стекнале со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, потребно е да учествуваат во континуирана професионална едукација, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Учеството во континуираната професионална едукација, за секој лиценциран стручен работник е задолжителна, во периодот на важноста на лиценцата (5 години), бидејќи согласно член 241 од Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23), на стручен работник му се обновува лиценца за работа, ако има освоено најмалку 60 бодови, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Повеќе
Обновување на лиценца за работа
Поднесување на барање за обновување на лиценца за работа е одговорност на самиот стручен работник и барањето за обновување на лиценца за работа се поднесува најмалку три месеци пред истекот на важноста на лиценцата.
Барањето за обновување на лиценца, заедно со другите потребни документи стручните работници треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за обновување на лиценца:
Повеќе
Продолжување на лиценца за работа
Поднесување на барање за продолжување на лиценца за работа доставува стручниот работник, кој од оправдани причини (болест, породилно отсуство, платено или неплатено отсуство и слично) не ги исполнил условите за обновување на лиценца, односно нема доволен број на бодови, согласно Програмата за континуирана професионална едукација во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Барањето за продолжување на лиценца заедно со другите потребни документи стручниот работник ги доставува на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива, веднаш по враќањето на работа. Комисијата за лиценцирање ја продолжува лиценцата за работа за наредните шест месеци по враќање на работа, во кој период стручниот работник треба да ја заврши задолжителната едукација, односно да ја заврши континуираната едукација.
Потребни документи за продолжување на лиценца:
Повеќе
Членови на Комисија
Членови на Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита: |
- м-р Климентина Спасовска–претседател;
- м-р Емилија Размоска;
- Ана Бошњак;
- проф. д-р Сунчица Димитријоска;
- проф. д-р Софија Георгиевска;
- доц. д-р Даниел Павловски;
- Снежана Михајловска;
- Катерина Караколева Менис и
- Валентина Павловска.
|
Содржина на материјали за подготовка на теоретскиот дел од општ стручен испит за стручни работници за вршење на стручна работа во Центар за социјална работа
- Закон за социјална сигурност за старите лица (104/19)
- Закон за семејството (80/92, 9/96, 38/04, 33/06, 84/08, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14, 115/14, 104/15, 150/15, консолидиран текст 2015, 53/21, 199/23)
- Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство (24/21)
- Закон за заштита на децата (23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, 104/19, 146/19, 275/19, 311/20, консолидиран февруари 2021, 150/22, 236/22, 236/22, консолидирен ноември 2022)
- Закон за правда за децата (66/24)
Содржина на материјали за подготовка на теоретскиот дел од општ стручен испит за стручни работници за вршење на стручна работа во установа за вон-семејна заштита, кај други даватели на социјални услуги (живеење со поддршка, во домот, во заедницата и советување), во центар за социјални услуги и во центар за поддршка на згрижувачки семејства
- Закон за социјална сигурност за старите лица (104/19)
- Закон за семејството (80/92, 9/96, 38/04, 33/06, 84/08, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14, 115/14, 104/15, 150/15, консолидиран текст 2015, 53/21, 199/23)
- Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство (24/21)
- Закон за заштита на децата (23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, 104/19, 146/19, 275/19, 311/20, консолидиран февруари 2021, 150/22, 236/22, 236/22, консолидирен ноември 2022)
- Закон за правда за децата (66/24)
Содржина на материјалите за подготовка на теоретскиот дел од посебниот испит за лиценца за водител на случај
- Закон за социјалната заштита (104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22, 65/23, пречистен текст 32/24)
- Закон за социјална сигурност (104/19)
- Закон за семејството (80/92, 9/96, 38/04, 33/06, 84/08, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14, 115/14, 104/15, 150/15, консолидиран текст 2015, 53/21, 199/23)
- Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство (24/21)
- Закон за заштита на децата (23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, 104/19, 146/19, 275/19, 311/20, консолидиран февруари 2021, 150/22, 236/22, 236/22, консолидирен ноември 2022)
- Закон за правда за децата (66/24)
- Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги лична асистенција (264/19)
- Правилник за начинот, обемот, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги на дневен престој, рехабилитација и реинтеграција и ресоцијализација и за простор, средства, кадри и потребната документација за центар за дневен престој, центар за рехабилитација и центар за ресоцијализација (150/20, 172/21, 47/23)
- Правилник за поблиските критериуми за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците кои можат да се сместат во едно згрижувачко семејство, стандардите за давање на услугата згрижување, нормативите и стандардите за вршење на дејноста на центарот за поддршка на згрижувачки семејства, за простор, средства, кадри и начинот на водење на евиденција и потребната документација за згрижувачките семејства (288/20)
Бази на прашања
База на прашања за општ стручен испит за стручни работници за вршење на стручна работа во центар за социјална работа
База на прашања за посебен испит за лиценца за водител на случај
База на прашања за општ стручен испит за вршење на стручна работа во установа за вон-семејна заштита, кај други даватели на социјални услуги (живеење со поддршка, во домот, во заедницата и советување) во центар за социјални услуги и во центар за поддршка на згрижувачки семејства
Начин на полагање на стручен испит