ИПА III

ИПА III Годишна акциска програма за Република Северна Македонија за 2023 година

Буџетска поддршка за отпорност и справување со енергетската криза 

На почетокот на февруари 2023 година, Владата на Република Северна Македонија и Европската Комисија потпишаа Финансиска спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2023 година. Оваа програма предвидува буџетска поддршка на Националниот енергетски акциски план за 2022-2023 година и е дел од Пакетот за енергетска поддршка на Европската Унија за земјите од Западен Балкан финансиран од ИПА III 2021-2027.

Целта на буџетската поддршка на Европската Унија е ублажување на непосредните социо-економски последици од енергетската криза. Воедно, таа ги поддржува структурните реформи во енергетскиот сектор, а особено т.н. енергетската транзиција, вклучително и заштита на ранливите корисници на енергија.

Владата ќе биде поддржана во спроведење на мерките за намалување и спречување на енергетската сиромаштија преку помош на економијата и на ранливите домаќинства и обезбедување непрекината испорака и пристап до основните услуги. 

ИПА Годишната акциска програма за 2023 е во вкупен износ од 80 милиони евра. 

Програмата е координирана од Министерството за економија. 

Министерството за труд и социјална политика учествува во остварувањето на Резултатот 2.2. Зајакнат систем за заштита на најранливите жени, мажи и деца и други корисници од оваа Акција, кој се очекува да опфати над 190 000 домаќинства со право на поддршка за справување со ценовната и енергетската криза.

 Во периодот декември 2022 – март 2023, Министерството за труд и социјална политика обезбеди финансиска поддршка за справување со енергетската криза на над 177 000 социјално исклучени граѓани, вклучително и деца, лица кои останале без работа и користат паричен надоместок за невработеност и корисници на минимална пензија, согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза (246/22).

Покрај тоа, 46 000 корисници на правото на гарантирана минимална помош и социјална сигурност примаат паричен додаток за енергенси во периодот на зимските месеци, согласно Законот за социјалната заштита (104/19) и Законот за социјална сигурност на старите лица (104/19). 

Севкупно, опфатени се околу 220 000 корисници во ризик и директно преку постојните системи на Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се исплатени околу 24 милиони евра. 

Документи: 


ИПА II

ИПА II Годишна акциска програма за Република Северна Македонија за 2020 година

 Акција „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност на Северна Македонија“

Во септември 2020, Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија потпишаа измени и дополнувања на Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2020 година. Со измените се воведе новата Акција „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност на Северна Македонија“ во рамки на секторот „Конкурентност, иновации, земјоделство и рурален развој“.

Пакетот на мерки содржани во акцијата „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност“ (EU4Resiliance) во вкупен износ од 40 милиони евра ја поддржува Република Северна Македонија и економијата во периодот на закрепнување за ублажување на негативните социо-економски влијанија на Ковид-19.

Повеќе

ИПА II Годишна aкциска програма за Република Северна Македонија за 2019 година

 Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2019 година на 5 март 2020. 

Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2019 година се состои од четири акции. Акциите 3 „ЕУ за младите“ и 4 „ЕУ за вклученост“ предвидуваат поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Повеќе

ИПА II Акциска програма 2017, Акција 4 „ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика“

Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2017 година на 5 ноември 2018. Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2017 година се состои од четири акции. Акцијата 4 предвидува поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

Повеќе
ИПА I

Инструмент за претпристапна помош (ИПА) 2007-2013, компонента IV „Развој на човечките ресурси“

Компонента IV од Инструментот за претпристапна помош е финансиска поддршка од Европската унија за периодот 2007 – 2013 во областите вработување и социјално вклучување. За периодот 2007-2013 година, вкупниот буџет за оваа компонента изнесува околу 64 милиони евра. 85% од овој износ е учество на Европската унијата, а остатокот се средства од Буџетот на Република Македонија.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }