Организациска структура на Министерството за труд и социјална политика
Органограм на Министерство за труд и социјална политика
Сектор за внатрешна ревизија
Во рамките на секторот за внатрешна ревизија постојат следниве одделенија:
- Одделение за внатрешна ревизија во министерството за труд и социјална политика, органите во состав и проектните единици и
- Одделение за внатрешна ревизија во јавните установи за социјална работа.
Повеќе
Сектор за управување со човечки ресурси
Во рамките на секторот за управување со човечки ресурси постојат следниве одделенија:
- Одделение за персонален менаџмент, вработување и мобилност
- Одделение за развој на човечки ресурси
Повеќе
Сектор за стратешко планирање
Во рамките на секторот за стратешко планирање постојат следниве одделенија:
- Одделение за планирање и креирање на политики;
- Одделение за анализа, евалуација и мониторинг на имплементација на политики и програми;
Повеќе
Сектор за финансиски прашања
Во рамките на секторот за финансиски прашања постојат следниве одделенија:
- Одделение за буџетска координација;
- Одделение за буџетска контрола;
- Оддление за сметководство и плаќања;
- Одделение за јавни набавки;
Повеќе
Сектор за правни и нормативни, општи и заеднички работи
Во рамките на секторот за правни и нормативни, општи и заеднички работи постојат следниве одделенија:
- Одделение за правни и нормативни работи;
- Одделението за претставки и предлози;
- Одделение за општи и заеднички работи;
- Одделение за утврдување неправилности во работењето;
- Одделение за планирање, развој и поддршка на информациски и комуникациски систем;
- Одделение за инвестициони работи;
Повеќе
Сектор за координација и техничка помош на министерот
Во рамките на секторот за координација и техничка помош на министерот постојат следниве одделенија:
- Одделение за координација на активностите на министерот- Кабинет на министер;
- Одделение за односи со јавност;
- Одделение за имплементација на Стратегијата и Декадата на Ромите;
- Одделение за анализа, развој и имплементација на демографски политики и
- Одделение за превод и лекторирање.
Повеќе
Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка
Во рамките на секторот за европска интеграција и меѓународна соработка постојат следниве одделенија:
- Одделението за ЕУ интеграција;
- Одделението за меѓународна соработка;
Повеќе
Сектор за ЕУ програми и фондови
Во рамките на секторот за ЕУ програми и фондови постојат следниве одделенија:
- Одделение за имплементација на ЕУ програми и фондови
- Одделение за програмирање и мониторинг на ЕУ програми и фондови и
- Одделение за контрола и координација.
Сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување
Во рамките на секторот за политики од областа на трудово право и политики за вработување постојат следниве одделенија:
- Одделение за пазарот на трудот;
- Одделение за трудот;
- Одделение за социјално партнерство;
- Одделение за плати;
Повеќе
Сектор за прекршоци од областа на работните односи и областа на безбедност и здравје при работа
Во рамките на секторот за прекршоци од областа на работните односи и областа на безбедност и здравје при работа постојат следниве одделенија:
- Одделение за спроведување и водење на постапка за прекршоци од областа на работните односи
- Одделение за спроведување и водење на постапка за прекршоци од областа на безбедност и здравје при работа.
Повеќе
Сектор за пензиско и инвалидско осигурување
Во рамките на секторот за пензиско и инвалидско осигурување постојат следниве одделенија:
- Одделение за тековно финансирано пензиско и инвалидско осигурување;
- Одделение за задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (II и III столб);
- Одделение за слободен пристап до пазар на труд
Повеќе
Сектор за еднакви можности
Во рамките на секторот за еднакви можности постојат следниве одделенија:
- Одделението за родова рамноправност;
- Одделение за превенција и заштита од секаков вид на дискриминација;
- Одделение за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и
- Одделение за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање-Ресурсен центар за креирање на родово одговорни политики и буџетирање.
Повеќе
Сектор за социјална заштита
Во рамките на секторот за социјална заштита постојат следниве одделенија:
- Одделение за социјално вклучување;
- Одделение за заштита и вработување на лица со попреченост и заштита на стари лица;
- Одделение за остварување на правата од социјална заштита;
- Одделение за остварување на правата- надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок заради попреченост;
- Одделение за миграција, интеграција на бегалци и хуманитарна помош;
Повеќе
Сектор за децентрализација и развој на услуги од социјална заштита на локално ниво
Во рамките на секторот за децентрализација и развој на услуги од социјална заштита на локално ниво постојат следниве одделенија:
- Одделение за децентрализација на услуги од социјална заштита;
- Одделение за развој на услуги од социјална заштита на локално ниво
Повеќе
Сектор за заштита на деца и семејството
Во рамките на секторот за заштита на децата постојат следниве одделенија:
- Одделение за обезбедување на правото за заштита на децата;
- Одделение за обезбедување на правото на згрижување, воспитание, одмор и рекрација на децата и
- Одделение за семејно-правна заштита на децата и семејството.
Повеќе
Сектор за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата
Во рамките на секторот за инспекциски надзор од областа на социјалната заштита и заштита на децата постојат следниве одделенија:
- Одделение за инспекциски надзор над остварување и давање на услуги од социјална заштита
- Одделение за инспекциски надзор над остварување на права од социјална заштита и други парични надоместоци
- Одделение за инспекциски надзор на дејноста заштита на децата
- Одделение за надзор и стручен надзор на дејноста заштита на децата
Повеќе
Државни советници во Министертвото за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика има:
• Државен советник за стратешко планирање и меѓуресорска координација на проекти за реформи за јавната администрација;
• Државен советник за финансиски менаџмент;
• Државен советник за правни работи;
• Државен советник за координација и развој на демографски политики;
• Државен советник за европски интеграции и меѓународна соработка;
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на трудовото право и политики за вработување;
• Државен советник за креирање и развој на прекршочни политики од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа;
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на пензиското и инвалидското осигурување;
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на социјалната заштита (2 извршители);
• Државен советник за еднакви можности (2 извршители);
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на заштита на децата (2 извршители) и
• Државен советник за развој и унапредување на испекциските политики во социјалната заштита.
Повеќе
Управа за прашања на борците и воените инвалиди
Согласно со Законот за организација на органите на државната управа, орган во состав на Министерството за труд и социјална политика е Управата за прашања на борците и воените инвалиди.
Во Управата за прашања на борците и воените инвалиди постои Сектор за боречка и инвалидска заштита, во чии рамки постојат:
- Одделение за остварување на права од боречка и инвалидска заштита
- Одделение за евиденција и контрола на остварени права од боречка и инвалидска заштита
***Детални информации за делокругот на работа на организациските единици во Министерството за труд и социјална политика: