Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) претставува едно од основните права на работниците, што е утврдено како такво во рамки на конвенциите на Меѓународната организација на трудот, во законодавството на Европската унија, Европската социјална повелба на Советот на Европа, а истото е загарантирано како право и со Уставот на Република Северна Македонија. 

Областа на безбедност и здравје при работа, како исклучително комплексна и пред сè мулти-секторска и мулти-дисциплинарна област, е регулирана со поголем број на законски и подзаконски акти, а за нејзината примена и имплементација неопходна е интензивна координација, комуникација и соработка помеѓу различни државни институции и органи, социјалните партнери и останати релевантни субјекти. 

Повеќе

Државен инспекторат за труд (ДИТ)  

Државниот инспекторат за труд функционира како самостоен орган во состав на Министерството за труд и социјална политика, со својство на правно лице и за својата работа директно одговара пред Инспекциски совет и Владата на Република Северна Македонија.   ДИТ врши надзор врз примената на законите и другите прописи во делот на работните односи, вработувањето, безбедноста и здравје при работа и колективните договори, договорите за вработување и други акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавачите од областа на работните односи и безбедноста и здравјето при работа. Секторот за инспекциски надзор во областа на БЗР во ДИТ ги врши работите поврзани со безбедноста и здравјето при работа, ги евидентира пријавените повреди на работа, дава согласност за исполнети услови за заштита при работа, врши увид, односно инспекциски надзори во деловните простории и објекти каде се извршуваат работни задачи и врши увид во документацијата, општите акти и исправи, донесува управни акти во постапка на надзор, изготвува и поднесува барања за поведување на прекршочна и кривична пријава итн.   

Државниот инспекторат за труд врши:

  • редовни инспекциски надзори, кои опфаќаат надзор над спроведување на законите и другите прописи кои се во надлежност на овој орган;

  • вонредни инспекциски надзори, кои се вршат врз основа на иницијативи поднесени од државни органи, физички или правни лица, како и во случај на сомневање на инспекторот (по службена должност);

  • контролни инспекциски надзори - се вршат по истекот на рокот определен во инспекцискиот акт донесен од страна на инспекторот. 

Работодавачите, за намалување на административните процедури при доставувања на известувањата до ДИТ согласно Законот за БЗР или друг закон, можат известувања/формулари (пополнети, потпишани и со печат), скенирани да ги испратат на следната e-mail адреса: 

prijava@mtsp.gov.mk

Пријавите можат да се доставуваат и писмено - до подрачниот Инспекторат за труд, согласно законски предвидените рокови.

На истата e-mail адреса, како и преку самата веб страна на Инспекторатот (http://dit.gov.mk/), можат да се достават до ДИТ и пријави/претставки за одредени недостатоци, неправилности и сл.

Телефони за контакт во Државниот инспекторат за труд:

(02) 3296-310   и   (02) 3116-110 , како и на бројот 151 31

Поважни линкови  

Професионални здруженија:

Меѓународни линкови:
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }