Проект “Ромски информативни центри”
Ромските информативни центри се формирани како приоритетна идентификувана потреба за подобро, квалитетно и релевантно информирање на ромската популација во однос на состојбите и правата и обврските на граѓаните, во рамки на Декадата на Роми 2002-2015 година. Формирани се како институционални центри кои преставуваат линк помеѓу заедницата на Роми и институциите на локално ниво за потребите на граѓаните.
Со иницијатива на Министерството за труд и социјална политика од 2006 година функционираа 12 Ромски информативни центри (РИЦи) во 12 општини во Република Македонија (Шуто Оризари во Скопје, Чаир во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Берово, Делчево, Виница и Куманово) кои придонесуваа за поголема информираност на припадниците на ромската заедница во областа на социјална заштита, активација на пазарот на труд, образование, пристап до здравствена заштита, домување и легализација, лица без документи и друго.
Ромските информативни центри имаат за цел да овозможат ромската заедница да биде активен чинител и рамноправен фактор во градењето на мултикултурно општество во Република Северна Македонија.
Во текот на 2018 и 2019 година се систематизираа работните места на 6 (шест) Ромски информативни центри во Центрите за социјална работа во Тетово, Куманово, Велес, Штип, Берово и Прилеп, во кои ромските информатори се примени во редовен работен однос и веќе согласно своите работни задачи, работат во Центрите за социјална работа, во наведените општини.
До крајот на 2021 година, функционираат 8 (осум) Ромски информативни центри, во Гостивар, Кичево, Делчево, Кочани, Виница, Неготино, Битола, Шуто Оризари, во кои се ангажирани 9 (девет) информатори. Работните задачи на ангажираните лица како информатори во Ромските информативни центри се:
- информативни услуги и логистичка поддршка за граѓаните;
- воспоставување на линк и комуникација со граѓаните, институциите и медиумите на локално ниво;
- континуирано јакнење на личните капацитети за техничка и институционална поддршка за ромската заедница;
- претставување и застапување на заедницата во однос на остварување на нивните и обврски пред институциите и градење на локални партнерства.
Проектот Ромски информативни центри е значаен и за понатамошно спроведување на новата Стратегија за Ромите за период од 2022 до 2030 година.