СЕКТОРСКА РАБОТНА ГРУПА „ОБРАЗОВАНИЕ, ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА“
Работната група за секторот „Образование, вработување и социјална политика” (скратено Секторска работна група) го одржа конститутивниот состанок на 4 ноември 2015 година. Според Деловникот за работа, таа има повеќекратен мандат, но во прв ред, претставува меѓуресорски форум за водење на дијалог за политиките за образование, вработување и социјална заштита и за оценка на напредокот во секторот. На пример, групата го следи и оценува напредокот во спроведувањето на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020 (ЕСРП), како и други задачи поврзани со процесот на мониторинг и известување за напредокот во секторот.
Понатаму, секторската работна група е место каде се утврдуваат приоритетите што ќе се финансираат од ЕУ, каде се следи нивната имплементација и се остварува координација на целокупната странска помош. На тој начин, достапните средства од разни извори се насочуваат кон поддршка на националните политики.
Секторската работна група ја координираат Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука и во неа членуваат претставници од институциите задолжени за креирање на секторските политики и стратегии, европските интеграции и ИПА. Поконкретно, во оваа работна група се вклучени претставници од различни државни органи и институции чиишто надлежности се поврзани со имплементација на политиките за образование, вработување и социјална заштита.
По потреба, во зависност од приоритетите во стратешките и програмските документи, во работата на групата може да се вклучуваат и други институции со надлежности во образованието, вработувањето и социјалната политика.
Почнувајќи од 2018 година, претставници на граѓанскиот сектор учествуваат во работата на групата. Соработката со граѓанскиот сектор и другите заинтересирани и релевантни организации се остварува и по пат на тематски консултации, информирање и сл.
Конечно, имајќи го предвид фактот дека работната група е одговорна за донаторска координација во секторот, таа во нејзината работа ги интегрира и донаторите (ЕУ, билатералните донатори) и меѓународните организации (пр. МОТ, УНДП, УСАИД, УНИЦЕФ, УН Жени, Светска банка и др.).
Секторската работна група се состанува во пленарен состав најмалку два пати годишно. Почнувајќи од 2018 со пленарните состаноци заседаваат министрите за труд и социјална политика и за образование и наука.
Документи
Деловник за работа на СРГ (македонска верзија)
Деловник за работа на СРГ (англиска верзија)
Пленарни состаноци на Секторската работна група
- 21 ноември 2024
- 16 мај 2024
- 14 ноември 2023
- 18 мај 2023
Контакти
Министерство за социјална политика, демографија и млади
Сектор за ЕУ програми и фондови
Адреса: ул. Даме Груев бр.1000 Скопје, Република Северна Македонија
|
Лица за контакт:
- Александра Славкоска, државен советник,
телефон: +389 (2) 3106 583,
е-маил: Aleksandra.Slavkoska@mtsp.gov.mk
- Анкица Ивановски, раководител на сектор,
телефон: +389 (2) 3106 358,
е-маил: Ankica.Ivanovska@mtsp.gov.mk
- Гордана Тренкоска, помошник раководител на сектор,
телефон: +389 (2) 3106 253,
е-маил: Gordana.Trenkoska@mtsp.gov.mk
- Ане Накова Петрушевска, советник,
телефон: +389 (2) 3106 469,
е-маил: Ane.Petrushevska@mtsp.gov.mk
|