Условите кои треба да ги исполнува кандидатот за полагање на стручниот испит за безбедност при работа, начинот и постапката на спроведување и други елементи поврзани со полагањето на испитот се утврдени во Законот за безбедност и здравје при работа (членови 17-а до 17-х).
Стручниот испит за безбедност при работа се спроведува најмалку два пати годишно.
Пријавата заедно со останатите документи се поднесуваат во архивата на Министерството за труд и социјална политика.