Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки)

Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, Министерството за труд и социјална политика го имплементира во соработка со Ромскиот Образовен Фонд, eдиниците на локална самоуправа и dетските градинки почнувајќи од 2006 до 2021 година. Целта на проектот е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишни установи на деца Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.

Во текот на овие 15 години од имплементацијата на проектот бесплатно се вклучени околу 4.000 деца од ромската етничка заедница во 20 општини, ангажирани 20 негувателки Ромки кои работеа со овие деца во процесот на олеснување и  интеграцијата во детските градинки од кои на 18 од нив е направена трансформација на работниот ангажман во редовен работен однос. Покрај негувателки ангажирани се и 18 медијатори кои работат со договори на проект во соработка со градинките, негувателките и проектниот тим.

Овој проект од страна на Ромскиот Образовен Фонд е оценет како еден од поуспешните проекти одобрен од Бордот на Фондот кој има клучна улога во процесот на образованието на Ромите и намалување на јазот помеѓу Ромите и останатите етнички заедници во делот на образованието. Исто така и во секој Извештај за Прогресот на Република Северна Македонија на Европската Комисија, овој Проект беше посочуван како успешен модел за зголемување на нивото на образование кај ромската популација. Воедно, овој проект придонесе и за зголемување на стапката на запишување на децата во прво одделение, кое значително го подобрува развојот на децата Роми и вклучувањето во образовниот систем.

Со цел системско решавање на вклучување на деца Роми кои што се од социјален ризик во детските градинки, од 2018 година Министерството за труд и социјална политика доставува Информација до Влада на Република Северна Македонија за вклучување на деца Роми кои што се од семејства во социјален ризик, со која што Владата на Република Северна Македонија им препорачува на градоначалниците на единиците на локалната самуправа да ги свикаат Советите на општините и да ја разгледаат можноста за ослободување од партиципација за престој во предучилишните установи–детски градинки на деца Роми кои се во социјален ризик (возраст од 3-6 год), односно на деца Роми чиишто родители се корисници на правото на Гарантирана Минимална Помош–ГМП, деца Роми сместени во згрижувачки семејства и децата од повеќечлените семејства каде има само еден вработен родител кој добива минимална плата од 14.500 денари за да бидат вклучени во предучилишно образование. 

Во првото полугодие на учебната 2021/2022 вкупниот број на запишани деца Роми во  детските градинки на национално ниво е 420 деца. 

Во рамки на проектот Инклузија на деца Роми во предучилишно образование во првото полугодие на учебната 2021/2022 вклучени се, вкупно 200 деца Роми од семејства што се социјален ризик, или 51% од планираните 390 деца, во 16 општини (Берово, Битола, Виница, Прилеп, Чаир, Делчево, Кочани, Куманово, Велес, Пехчево, Дебар, Центар, Кавадарци, Крива Паланка, Радовиш и Гази Баба), 16 градинки кои се опфатени со усвоена препорака од Влада на Република Северна Македонија  со ослободување од партиципација на деца Роми што се во социјален ризик со поддржано учество на единиците на локална самоуправа.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }