19.04.2022

Ејупи: Инклузивното образование значи обезбедување на еднаков, квалитетен и исполнет ран детски развој на децата со попреченост

Државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Ресми Ејупи денеска учествуваше на Тркалезна маса на тема: „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“, организирана од страна на Народен правобранител Насер Зибери, на која учество земаа и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претставници на институции и организации.

Државниот секретар истакна дека нивото на инклузивност на националниот детски и образовен систем е еден од основните показатели за посветеноста на институциите на системот и на сите учесници во воспитно - згрижувачкиот и образовен процес во обезбедувањето на еднакви права и можности за сите деца, независно дали имаат или немаат посебни образовни потреби.

Тој уште еднаш потсети дека, инклузијата на децата со попреченост е еден од клучните приоритети на Министерството за труд и социјална политика и на Владата на Република Северна Македонија.

Државниот секретар посочи дека, развојот на современите политики за децата со попреченост се видливи преку воведувањето на Меѓународната класификација на функционирањето при проценката на децата со попреченост.

„Со новиот начин на проценка се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста, односно се заменува со немедицинско гледање кое ги проценува јаките страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка што детето треба да ја добие во образовниот систем за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал,“ рече Ејупи.

Тој се осврна и на легислативните измени во Законот за заштита на детето, во кој повеќе  не постојат посебни групи за деца со попреченост, туку децата се вклучуваат во редовните воспитни групи пред се раководејќи се од инклузивноста во згрижувањето, а особено на воспитанието на децата. А со цел, да го поддржиме вклучувањето на децата во  редовниот образовен систем и во општеството во целина, направени се и измени во Законот за социјална заштита со кои возрасната граница за користење на услугата на лична асистенција се намали од 18 години на 6 години.

Државниот секретар информираше дека усвоен е нов пристап за просторните услови, односно воспоставени се нови стандарди и нормативи за градинките, со што просторот во кој децата престојуваат треба да биде уреден согласно нивните потреби за движење и поттикнување на учење преку игра. Дополнително пристапноста стана задолжителен услов за да се одобрат средства од Министерството за труд и социјална политика, за адаптација или изградба на детските градинки.

„Како еден од најбитните услови за подобрување на инклузивноста на предучилишното образование е згрижувачко -воспитниот кадар и подигнување на нивното знаење за работа со деца со попреченост, работа во група со сите други деца, подигнување на инклузивноста во самата занимална и во целата градинка,“рече Ејупи.

Тој истакна  дека во тек е јавен повик за избор на меѓународна консултантска компанија за дизајн, организирање и имплементација на тренинг програма „Средината за учење и инклузија“, со која е планирано да бидат опфатени 1500 вработени и сите директори на детските градинки. Во тек е и имплементација на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“ од Акциската програма на ИПА 2017, наменет за модернизација на системот за кариерен и професионален развој на вработените во детските градинки,  зајакнување на учеството на родителите во предучилишното воспитание, особено на родителите на деца во ризик и деца кои се социјално исклучени.

"Прифаќањето на различностите е вредност која сите ние треба активно да ја применуваме. Само така нашето општество ќе расте и ќе се развива,“ рече Ејупи. Тој додаде дека заложбите за обезбедување на квалитетно образование за децата со попреченост, за еднаков, квалитетен и исполнет ран детски развој на децата со попреченост, ќе продолжат и понатаму.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }