01.12.2022

Хусејин: Пристојната работа е најдобриот и најсигурниот излез од сиромаштијата, ги активираме ранливите категории на пазарот на труд

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на на промоција на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, поддржан од Европската Унија, а го спроведува Агенцијата за вработување на Северна Македонија, во координација со Министерството за труд и социјална политика.

Сите активности на проектот се насочени кон намалување на долгорочната невработеност на лицата од ранливите категории и нивно вклучување во специјализирани програми и услуги за развој на вештини. Основна цел на проектот е подобрување на вештините и знаењата на лицата од ранливите категории со помош на обуки, практична работа и субвенционирано вработување, со цел да се олесни инклузијата на овие лица на пазарот на трудот.

Заменикот Хусејин се осврна на периодот на криза, прво со пандемијата, потоа и енергетската и економската криза кои наметнаа нови предизвици кои се закана по животниот стандард на граѓаните, а особено на најранливите категории на граѓани.

„Владата презеде низа брзи и времени мерки што беа насочени кон ранливите групи на население со цел да се ублажат последиците од економско-енергетската криза и силниот раст и голема променливост на цените на примарните енергетски и не енергетски производи. Сепак, на долг рок, останува фактот дека пристојната работа е најдобриот и најсигурниот излез од сиромаштијата“, рече Хусејин.

Тој посочи дека, согласно последно објавените податоци на Државниот завод за статистика од Анкетата за приходи и услови за живот во 2020 година, сиромаштијата кај невработените лица, е зголемена во однос на изминатите години. Затоа од исклучително значење се активностите за активација на корисниците на системот на социјална заштита и нивно вклучување на пазарот на трудот. Поттикнување на развојот на програми кои овозможуваат активација и работна рехабилитација на ранливите групи граѓани, а особено на младите што би придонело кон зголемување на нивното учество на пазарот на трудот.

„Политиките на пазарот на трудот, согласно со Националната стратегија за вработување се насочени кон создавање услови за зголемување на учеството и отворање работни места, преку спроведување програми и мерки кои ќе ги зголемат компетенциите и вештините на невработените лица на пазарот на трудот во насока за нивна поголема вработливост и активација на пазарот на труд,“ рече Хусејин.

Заменикот истакна дека, една од целите на социјалната реформа беше да се зголеми адекватноста на помошта што ја добиваат примателите на гарантираната минимална помош, проследено со нивно вклучување на пазарот на трудот во кој процес центрите  за социјална работа и центрите  за вработување имаат значајна улога.

„Би сакал да споменам дека преку четвртиот грант на Агенција се спроведува програмата на  услуги  за советување и мотивација кои имаат за цел да го олеснат процесот на вклучување на корисниците на гарантирана минимална помош во обуки и други активни мерки за вработување. Таа е надополнета со Програмата за поддршка за вработување со цел подобрување на стручните вештини и знаењата на корисниците на гарантирана минимална помош и долгорочно невработени лица  со помош на обуки, практична работа, субвенционирано вработување и пилотирање на втора шанса за полесна инклузија на овие лица на пазарот на трудот,“ рече Хусејин.

Заменикот посочи дека активните мерки  ја зголемуваат вработливоста на барателите на работа и обезбедуваат можности за зголемување на професионалните вештини и за стекнување квалификации што на долгорочно невработените и исклучени лица ќе се овозможи полесен пристап до пазарот на трудот.

„На крај би завршил со констатацијата дека, аспирацијата на Северна Македонија кон членство во ЕУ бара градење на национална економија со динамичен економски раст и развој, флексибилен пазар на труд и отчетен систем на социјална заштита и вклучување, за да се обезбеди еднаков пристап и можности за секој граѓанин,“ заклучи Заменик министерот Хусејин.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }