29.12.2022
Предновогодишно дружење на министерката Тренчевска со социјално ранливи категории на граѓани
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на вчерашниот ден учествуваше во повеќе предновогодишни настани посветени на социјално ранливи категории на граѓани.
![](content/images/sliki_2022/dekemvri_2022/слика 4..jpg)
Предновогодишното дружење започна со заеднички ручек со семејства во социјален ризик, на кој разговараа за предизвиците со кои тие се соочуваат, поддршката на Владата и министерството како ресорно министерство кое се грижи за најранливите. Блиските средби со најранливите се особено значајни, затоа што на тој начин се мапираат вистинските потреби кои ги имаат овие граѓани.
![](content/images/sliki_2022/dekemvri_2022/слика 3..jpg)
Во Клубот на пратеници беше организирана претстава за најмладите изведена од Интимниот театар-Битола, каде што дечињата покрај што уживаа во изведбата на актерите, добија и новогодишни пакетчиња од Снежната кралица.
![](content/images/sliki_2022/dekemvri_2022/klub_12.jpg)
Истовремено, за самохраните мајки беше организирана и интерактивна мотивациска работилница која ја водеше професорката Софија Арнаудова од Институтот за социјална политика и социјална работа при Филозофскиот факултет, Скопје. Беа разменети искуства за како да си посветат повеќе време за себе, како да бидат посреќни и позадоволни, а со тоа и поуспешни родители. И како што рече и самата професорка „среќата се учи“.
![](content/images/sliki_2022/dekemvri_2022/слика 3 ..jpg)
Декември е месецот на насмевки, прегратки и среќа. Денот заврши со желби за многу здравје, среќа и љубов во новата 2023 година.