26.01.2022

Тренчевска-Чебук: Со воспоставување на соработка во областа на трудот, социјалната заштита и родовата еднаквост го продлабочуваме пријателството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Молдавија во Република Северна Македонија, Анатол Чебук, со седиште во Софија, Бугарија.

На средбата се разговараше за можностите за воспоставување на соработка помеѓу министерствата за труд и социјална политика на двете држави преку склучување на Меморандум за соработка. Министерствата би соработувале во рамките на нивната надлежност и во согласност со нивните национални законодавства преку спроведување на заеднички иницијативи во областите на трудот, вработувањето, социјалната заштита, политиките за родова еднаквост и други прашања кои ги опфаќаат министерствата.

Соработката би се реализира преку размена на искуства, учество на експерти на конференции, семинари и други меѓународни настани организирани на териториите на двете држави, преку размена на законски и стручни документи и други материјали, како и работа и реализација на заеднички проекти.

„Северна Македонија и Република Молдавија имаат одлични пријателските односи и верувам дека во периодот кој доаѓа ќе оствариме и потесна соработка во областа на трудот и социјалната политика со надлежното министерство на Молдавија, на прашања кои се од заеднички интерес на граѓаните на двете држави“, рече министерката Тренчевска.  

Амбасадорот Чебук изрази интерес и во делот на можностите за склучување на Договори за социјално осигурување меѓу двете држави, за што двете страни се согласија за понатамошен отворен дијалог по ова прашање.

Министерката Тренчевска на новоименуваниот амбасадор на Молдавија, Чебук му посака успех во извршувањето на дипломатската функција, а двете страни изразија уверување за отпочнување на плодна меѓудржавна соработка.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }