29.01.2022

Тренчевска: „Метал Декор Дизајн“ е само една од многуте компании кои со владините мерки прераснаа во успешна приказна

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денеска го посетија претпријатието „Метал Декор Дизајн“. Оваа компанија која се бави со изработка на внатрешен и надворешен ентериер, огради и настрешници е една од многуте фирми кои искористија дел од владините мерки за поддршка и креирање на нови работни места.

Министерката на средбата со основачот на претпријатието Игор Младеновски и вработените им честиташе на постигнатиот успех.

Тие ја информираа за своите идни планови со кои сакаат да ја прошират својата работа за да постигнат уште поголеми успеси кои пак ќе придонесат за вработување на нови лица.

"Ме радува кога гледам дека мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година успешно се реализираат. „Метал Декор Дизајн“ е само една од многуте, компании, претпријатија, фирми и работилници кои успеа со мерката за самовработување да прераснат во успешна приказна. Ова претпријатие кое вработи и работници е веќе препознатливо и барано на пазарот. Ние како Влада и како Министерство ќе продолжиме со ваквите мерки и во текот на оваа година, бидејќи граѓаните ни се на право место", рече Тренчевска.

Реализацијата на Оперативниот план за 2021 година и покрај светската економска и здравствена криза предизвикана од Ковид 19 беше успешно спроведена со високи 94,6%. Со владините мерки беа опфатени 11.292 невработени лица. Стопроцентна реализација има кај  мерката за самовработување, која ја искористија 1.877 лица.

Со мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, која најмногу се однесува на потешко вработливите лица, беа опфатени 2.194 лица. Со младинскиот додаток за лица до 23 години, со која се мотивираат младите да се вклучат во производствените дејности и земјоделството беа опфатени 3787 млади лица.

И со мерките од  Оперативниот план за 2022 година, Владата и Министерството за труд и социјална политика ја поттикнуваат економијата за отворање на што поголем број на нови работни места.​

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }