31.01.2022
Вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити на средба со Сојузот на синдикати – Владата е согласна дека треба и ќе има покачување на минималната плата, дијалогот ќе продолжи од среда, со сите социјални партнери
Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјални прашања, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ, денес остварија работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, предводени од претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на која главна тема беа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата во Република Северна Македонија.
![](content/images/sliki_2022/Vlada_31_1/ACE_0987-01.jpeg)
Вицепремиерот Битиќи, нагласи дека Владата ќе остане конструктивен социјален партнер, кој ќе охрабрува дебата и дискусија за сите важни прашања во општеството, како што е несомнено висината на минималната плата и притоа најави дека веќе во среда, на 2-ри февруари од 15:00 часот, е закажана седница на економско-социјалниот совет на која ќе продолжи дискусијата помеѓу сите три засегнати социјални страни на која главна точка на дневниот ред ќе биде токму висината на минималната плата.
![](content/images/sliki_2022/Vlada_31_1/ZPVRSM Bytyqi MTSP Trenchevska i MIOA Aliti - SSM 12.JPG)
![](content/images/sliki_2022/Vlada_31_1/ZPVRSM Bytyqi MTSP Trenchevska i MIOA Aliti - SSM 19.JPG)
Вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити, во дискусијата за време на состаноците, нагласија дека минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати.
![](content/images/sliki_2022/Vlada_31_1/ACE_1023-01.jpeg)
На средбата претставниците на ССМ ги поздравија одлуките на Владата за „недела неработен ден“ и за замрзнување на цените на основните производи до крајот на февруари 2022 година.