13.06.2022
Хусејин: Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси за сите граѓани и придонесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин ја отвори Конференцијата за поддршка на социјалните претпријатија наменета за промоција на социјалното претприемништво пред приватниот сектор, притоа искажувајќи искрена заложба за развој на социјалната економија и поддршката што е потребна за развој на социјалното претприемништво.
Според Хусејин, вложувањето во развој на еко-системот за социјални инвестиции подразбира креирање култура за социјални инвестиции, пилотирање на иновативни финансиски инструменти, но и други ресурси и можности за финансиска поддршка за социјалните претпријатија.
![](content/images/sliki_2022/juni_2022/13_6/konferencija_3.jpg)
Заменик министерот Хусејин, осврнувајќи се на Националната Стратегијата за социјалните претпријатија, истакна дека таа ги поставува основните постулати за развој на социјалните претпријатија, нивната препознатливост во општеството и мерки за нивна економска одржливост.
“Националната Стратегија за социјални претпријатија е скицата на еко-системот кој го градиме како Министерство за труд и социјална политика во соработка со сите заинтересирани страни, вклучително донаторската задница, граѓанското сектор и институциите. Секако, имплементацијата на оваа стратегија е надополнета и со национален координативен механизам за следење на имплементацијата. Оваа есен ќе го подготвиме првиот извештај од спроведување на стратегијата и Акцискиот план”, рече заменик министерот Хусејин.
Говорејќи за социјалните претпријатија, заменик министерот за труд и социјална политика, потенцираше дека: ”Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси и создаваат еднакво општество, придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите. Тие го помагаат економски раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии”.
![](content/images/sliki_2022/juni_2022/13_6/konferencija_2.jpg)
Заменик министерот за труд и социјална политика упати апел за вложување на, како што рече, сите наши расположливи ресурси и да ја подигнеме свеста за развојот на социјалното претприемништво во нашата држава.
На крајот од своето обраќање, Хусејин искажа благодарност за поддршката на Делегацијата на ЕУ и на Амбасадата на Република Полска кои учествуваат во креирањето на можности за развој на социјалните претпријатија.
Покрај заменик министерот за труд и социјална политика, на конференцијата се обрати и Амбасадорот на Република Полска во Скопје, НЕ г. Војчек Тичински.
Начините за поддршка на компаниите на социјалните претпријатија, односно финансиските алатки ги презентирааа г-ѓа Барбара Садовска и г-ѓа Тереза Загродска, од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.
![](content/images/sliki_2022/juni_2022/13_6/konferencija_1.jpg)
Социјалните претпријатија, како „Избор“, „Еднаквост“, „Мама органа“, „Ин Виво“ со своите излагања го приближија концептот до компаниите, нудејќи и начини за тоа како истите да се вклучат, било како инвеститори или инволвирајќи ги социјалните претпријатија во својот синџир на набавки.
Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е финансиран од ЕУ, а имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.