12.05.2022
Потпишана Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот „Безбедни деца-безбедна иднина“
Децата се најранливата категорија учесници во сообраќајот. Како пешаци, патници или возачи на велосипеди. Едукацијата на децата и надградување на нивните знаења и способности придонесуваат за подигање на свесноста и одговорноста во сообраќајот.
![](content/images/sliki_2022/maj2022/deklaracija_soobrakaj_trencevska.jpg)
Во знак на 11 мај Денот на културата во сообраќајот и 1 јуни Меѓународниот ден на децата, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата министерката Тренчевска, потпиша Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот „Безбедни деца-безбедна иднина“.
![](content/images/sliki_2022/maj2022/grupna_deklaracija_soobrakaj.jpg)
Целта на Декларацијата е намалување на бројот на повредени и загинати деца на патиштата во државата, преку имплементација на национални и локални стратегии, едукативно - превентивни кампањи и акции за безбедност на децата во сообраќајот.
Покрај Министерството за труд и социјална политика, потписници на Декларацијата се и Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа.