Потпишана Програма за пристојна работа 2015-2018
Преку мерката за вработување на млади со ослободување од плаќање на придонеси досега вработени 7542 лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес се обрати на потпишувањето на Меморандум за разбирање за имплементација на Националната програма за пристојна работа. Во своето обраќање Спасов укажа дека Владата на Република Македонија, цврсто опстојува на стратешката определба за создавање на услови за пристојна работа и достоинство на трудот, заедно со социјалните партнери во рамки на конструктивниот социјален дијалог,имплементирајќи ги меѓународните стандарди со кои се надградува системот и се создаваат нови можности за сите, за поквалитетен живот.

Република Македонијa има долгогодишна соработка со Меѓународната организација на трудот и е целосно посветена на целите и принципите на оваа организација. Би сакал да искажам огромна благодарност до МОТ, за целокупната подршка која ни ја дава и без која сите резултати кои ги постигнавме би биле неостварливи. Изминатиот период работиме и континуирано и посветено во овој правец, со конкретни чекори и јасно поставени цели.Токму во таа насока,како држава активно учествувавме и постигнавме значајни резултати во досегашното спроведување на националната програма за пристојна работа за изминатиот период (2010-2013), особено со ратификувањето на повеќе, односно 7 Меѓународни Конвенции кои се пред се во насока на поголема заштита на работничките права.Го формиравме Економско-социјалниот совет во 2010 и континуирано го зајануваме и водиме квалитетен и конструктивен социјален дијалог, советот во континуитет разгледува и дава свое мислење и препораки за одделни прашања од економската и социјалната сфера и постигнува видливи резултати од кои како ресорен министер сум многу задоволен”,рече Спасов.

Уште една придобивка од приоритетите утврдени со Програмата за пристојна работа 2010-2013 година и како резултат на конструктивен социјален дијалог, во  2012 година за прв пат во државата, нагласи Спасов, беше донесен Законот за минимална плата со кој се уреди правото на минимална плата во тогашен износ од 8000 денари, за потоа минатата година да направиме уште еден голем чекор нанапред за денес минималната плата изнесува 9.590 денари, а во јануари 2016 година ќе се зголеми на 10.080 денари.

Како резултат на досегашната програма беа направени и низа други законски измени за подобрување на легислативата, а беше донесен и Национален Акциски план за вработување на младите кој не остана само текст на хартија, туку од него произлегоа низа на активности, бројни конкретни мерки за креирање повеќе можности, повеќе шанси за младите, и најбитно реализирање на конкретни стимулации за создавање на нови работни места за невработените. 

“Вработувањето на младите беше е и ќе биде поставено за врвен приоритет во нашата работа. Во оваа насока  и оваа година ќе обезбедиме преку активните мерки за вработување над 30% од работните места кои ќе се создадат да бидат за младите при што во секоја од мерките се планира зголемен опфат за млади лица особено во програмите за самовработување со грант средства, практикантство, субвенционирано вработување, обуки за напредни ИТ вештини и други. или поконкретно во новиот оперативен план за 2015 година, планирано е да се подржат и вработат над 8000 невработени лица и обезбеден е буџет во износ од 659.826.037,00 денари”, нагласи Спасов и продолжи:

“Би сакал во оваа прилика да истакнам особено задоволство од досегашната реализација на мерката за вработување на млади, со ослободување од плаќање на придонеси цели 12 месеци, конкретна мерка која вроди конкретни резултати, поволност за сите приватни компании,  која им помогна да отворат нови работни места, оваа мерка овозможи создавање на нови, нови 7542 вработувања на млади луѓе во приватниот сектор само за една година во Република Македонија. Тука нема да застанеме, и веќе работиме на законските измени за воведување на нови поголеми поволности за компаниите и невработените лиза за ослободување од плаќање придонеси за неколку категории, односно за невработените до 35 години, за оние од 35 до 50 години кои се повеќе од 10 години без работа, за невработените над 50 и над 58 години, како и за ранливите категории. Приматели на социјална помош, родители на деца со пречки во равојот и многу други. Овие мерки ќе овозможат отворање на илјадници работни места, илјадници семејства ќе добијат помош и поддршка, а невработеноста и понатаму ќе продолжи да се намалува.”

Пристојната работа е клучна компонента во развојните политики и токму затоа во наредните четири години Владата на Република Македонија, синдикатите, организациите на работодавачи и Меѓународната организација на трудот (МОТ) заеднички ќе ја спроведуваат Националната програма за пристојна работа која во периодот 2014-2018 ќе се концентрира на три национални програмски приоритети: 

1)Приоритет-Инклузивен раст проследен со отворање нови работни места и одржливи претпријатија, при што овој приоритет ги опфаќа следните активности: донесување Национална стратегија за вработување за периодот 2016-2020 година, континуирана реализација на мерки за вработување на млади, мерки за одржлив развој на претпријатијата, подобрување на трудовата статистика и подобра интеграција на жените на пазарот на труд

2)Приоритет-Ефективен социјален дијалог, кој опфаќа: зајакнување на институционалните и техничките капацитети на социјалните партнери, зголемување на капацитетите на националниот и локалните ЕСС, зајакнување на капацитетите за колективно договарање, воспоставување на механизам за мирно решавање на работни спорови

3)Приоритет - Формализирање на неформалната економија кој опфаќа : зајакнување на евективноста на трудовата инспекција,олеснување на преминот кон формална економија, донесување на стратегија за ова прашање.

“Во таа насока беше и денешното потпишување на Меморандумот за разбирање за имплементација на Националната програма за пристојна работа со што Владата на Република Македонија заедно со социјалните партнери остануваме на зацртаните среднорочни и долгорочни цели за развивање и унапредување на програмите и мерките за пристојна работа, вклучувајки го овој широк дијапазон на активности”,рече Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }