Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка - SDC подготвија кампања за промоција на домашниот туризам во Република Северна Македонија под насловот „Дома си е дома“.
Целта на оваа кампања е да промовира различни дестинации и активности во државата како предлог за посета од страна на домашните туристи во претсојните сезони лето/есен 2020 година. Ова ќе придонесе за поддршка на домашните чинители во туризмот (туроператори, сместувачки капацитети, ресторани, превозници итн.) и поддршка на домашната економија, како одговор на кризата предизвикана од Covid-19.
Фокусот е на зголемување на домашниот туризам, односно зголемување на бројот на домашни туристи и остварени ноќевања. Таргет се сите домашни туристи странски државјани кои живеат/работат во РСМ, но потенцијални туристи од регионот и странство, во согласност со постоечките рестрикции за патување.
Фокусот е на 10 дестинации низ државата, преку конкретни активности/ производи од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.
Берово, Пехчево