17.11.2022
Тренчевска: Детската заштита е во нашиот фокус, функционирање на градинките е од особена важност за квалитетен предучилишен процес
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со регионалната директорка за човечки развој за регионот на Европа и Централна Азија при Светска банка, Фадија Садах направија увид на работата во ЈОУДГ 8ми Март, објект Пеперутка 3, Драчево, Општина Кисела Вода.
![](content/images/sliki_2022/noemvri_2022/17_11/slika 2 gradinka.jpeg)
Градинката во Драчево е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, кој го спроведува со поддршка на Светска банка. Изминатата недела беа отворени две градинки кои се дел од овој проект, во Струмица и Валандово.
Министерката истакна дека, детската заштита останува во фокусот на работењето на Министерството за труд и социјална политика и затоа функционирањето на градинките е од особена важност за квалитетен предучилишен процес.
![](content/images/sliki_2022/noemvri_2022/17_11/slika gradinka 1.jpeg)
„Навистина е важно да ги отвориме градинките и да ги обезбедиме местата за децата, но тука нашата работа не е завршена. Мене како Министерка за труд и социјална политика која континуирано работи на детската заштита секогаш фокусот ми е на квалитетот на предучилишното воспитание и функционирањето на градинките да продолжи по високите стандарди кои се поставени при нивното отворање“ рече Тренчевска.
Таа се осврна и на енергетската ефикасност на градинката и рече дека во време на енергетска и економска криза ваквите градинки се од особена важност.
![](content/images/sliki_2022/noemvri_2022/17_11/slika 4 gradinka.jpeg)
Градинката има керамичка, вентилирачка фасада, која придонесува во намалување на потрошувачката на енергија. Истовремено, потсети на владината одлука за замрзнување на цената на пелетите, кој како енергенс го користи и оваа градинка, а со тоа директно се влијае на буџетот на градинката.
На крајот од обраќањето Тренчевска истакна дека увидот е успешен и функционирањето на градинката е примерот по кој сите треба да работат и дека тоа е вистинскиот патоказ за грижата на децата
![](content/images/sliki_2022/noemvri_2022/17_11/lika gradinka 3.jpeg)
Регионалната директорка на Светска банка, Фадија Садах изрази задоволство од денешната посета и упати поддршка за понатамошните активности кои ги има министерството, во областа на детската заштита.