06.06.2024

Продолжува македонско-австриската соработка  

На 5 и 6 јуни 2024 година во Скопје се одржува дводневна работилница со цел размена на искуства помеѓу Северна Македонија и Австрија за достапно/социјално домување и бездомништво.

Работилницата е организирана во рамките на билатерална соработка помеѓу Министерство за труд и социјална политика и  Сојузното Министерство за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија.

Воведни обраќања на работилницата имаа заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и австрискиот аташе за социјални прашања, Харалд Фугер.

На почетокот од своето обраќање, Хусеjин искажа благодарност до аташето Фугер и до Сојузното Министерство за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија за повеќегодишната интензивна соработка.  

Говорејќи за бездомништвото, заменик министерот за труд и социјална политика рече дека бездомништвото е комплексен проблем кој бара повеќедимензионален пристап, односно дека останува потребата од поголема вклученост и координација на повеќе ресори во насока на надминување на проблемите се кои се соочува оваа категорија на лица.

Хусејин рече дека се обезбедува поддршка на бездомните лица за остварување на парични права, како и привремено сместување во Центар за бездомни лица. Воедно, тој посочи дека проактивноста на општините е од особена важност со цел доближување на социјалните услуги до граѓаните на локално ниво.

Во однос на прашањето за вработување на бездомните лица, беа спомнати активните програми и мерки за вработување, како и напорите за развој на социјалното претприемништво.

“Како заклучок, има многу начини да се помогне во борбата против бездомништвото. Наша обврска е да изнаоѓаме одржливи и долгорочни решенија кои го зајакнуваат и гарантираат пристапот до основните социјални услуги, вклучувајќи го домувањето, вработувањето, образованието, здравствената и детската заштита”, резимираше Хусејин. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }