12.10.2022

Преку заеднички заложби на сите релевантни фактори до подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост

Во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Чаир, Скопје кој што е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика денеска доби донација од прехранбени продукти од страна на Баталјонот на Воена Полиција. Донацијата е направена во рамките на одбележувањето на "17-ти Октомври, Денот на Командата за операции (КО)" и "29-ти Октомври, Денот на Баталјонот на Воена полиција (бВП)". На активноста присуствуваа Командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини и Командантот на бВП, потполковник Кире Николовски.

Дејноста на Заводот за рехабилитација на деца и младинци е регулирана со Законот за социјална заштита. Установата организира услуги на вон-семејна заштита за лица со попреченост и тоа: услуга на сместување и услуга на живеење со поддршка, како и услуги во заедницата односно дневен престој и одмена на семејна грижа за лица со попреченост. Во моментот активно го посетуваат 54 лица кои користат услуги согласно нивните потреби За лицата кои се дел од заводот се грижи стручен тим кој што им помага за активностите кои вклучуваат рехабилитација и хабилитација на лицата со попреченост.

„Тука во Заводот каде што обезбедуваме рехабилитација, третман, стекнување на животни вештини, работно оспособување и професионална рехабилитација, поддршка при вработување, социјални, културни и рекреативни активности сме среќни кога имаме посетители особено кога се работи за добра кауза“ рече Пашоли.

Директорката на Заводот се заблагодари за донацијата од страна на бВП и посочи дека секогаш е отворена за соработка и се што оди во прилог на корисниците кои што се нејзина надлежност.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }