14.10.2022

Тренчевска: Вложувањето во родовата еднаквост и женско лидерство ќе придонесе кон инклузивни и одговорни политики кои ќе ги адресираат и решаваат предизвиците на ранливите категории 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на конференцијата „Жените во надворешната политика“, во организација на Министерството за надворешни работи.

Во своето воведно обраќање на панел дискусијата „Жените во мултилатералната дипломатија“, министерката Тренчевска се осврна на глобалните предизвици кои од нас бараат да изнајдеме начини за продлабочување на соработката, а со тоа ќе се придонесе кон надминување на истите, со една единствена цел подигнување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Глобалната пандемија која претставуваше закана по сите нас, климатските промени, а сега и енергетската криза која има најголемо влијание врз ранливите групи граѓани бараат заедничка акција и решавање. Во изминативе неколку години, можеби повеќе од било кога, се истакнува дека мултилатералната соработка е исклучително важна. Јас сум силно убедена дека во овие сложени времиња вложувањето во родовата еднаквост, како и поттикнувањето на женското лидерство ќе придонесе кон одговорни, инклузивни политики кои ќе ги адресираат и решаваат проблемите на ранливите маргинализирани групи, а со тоа ќе го подигнат нивото на социјална заштита“, истакна Тренчевска. 

Министерката се осврна на едни од позначајните меѓународни документи, како Пекиншката платформа за акција на ОН, Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Резолуција 1325 на Советот за безбедност на ОН „Жените, мирот и безбедноста“ и Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на човековите права и основни слободи и Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулската конвенција), како документи кои се од големо значење и се спроведуваат.

„Како земја, кандидат за членство во Европската Унија, но и како активна членка на Советот на Европа, Република Северна Македонија ги дели заложбите за обезбедување соодветно ниво на социјална заштита, особено за најранливите групи граѓани. КОВИД пандемијата покрај опасноста врз здравствениот систем и здравјето на луѓето, донесе и зголемување на семејното и родово базираното насилство. Токму затоа посебен фокус ставаме на борбата против родово базираното насилство, како и семејното насилство преку унапредување на механизмите за заштита и превенција“, истакна Тренчевска.

По ратификација на Истанбулската конвенција донесен е Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, чии што одредби јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата преку сеопфатни и интегрирани политики одлучно се посветува на превенцијата и заштитата на жртвите на родово базирано насилство врз жените и на семејно насилство. 

„Жените се моќни агенти на промените, а далекусежните придобивки од различноста и родовата еднаквост во лидерството и одлучувањето се повеќе се препознаваат во сите сфери. Родовата еднаквост во Република Северна Македонија претставува законска обврска, таа е дел од Програмата на Владата за периодот 2020 – 2024 година и тоа е обврска за државата која произлегува од Агендата за одржлив развој до 2030 година“, рече Тренчевска.

Меѓу земјите кои имаат највисок процент за учеството на жените на кандидатските листи, 40% е Република Северна Македонија. Министерката посочи дека се работи и на постигнување 50-50, а  предизвик на кој, исто така сме посветени е застапеноста на жените како градоначалнички и учеството на жените во извршната власт. 

„Донесена е и Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година  и се подготвува акциски план со двегодишни  приоритети. Визија на Стратегијата е постигнување родова еднаквост во општество во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот, како услов за целокупен и одржлив економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата, односно општество, во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство“, рече Тренчевска.  

Воспоставените политики и практики се во насока на поттикнување на женското лидерство и промовирањето на родова еднаквост преку инвестирање и развој на јавните услуги и програми кои можат да им овозможат услови за поквалитетен живот на граѓаните. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }