25.09.2024

Делегација на Министерството на меѓународна конференција во Тирана: „Креирање на иднината 30 години после Пекинг: ефективни институционални механизми за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување  на жените" 

Делегација на Министерството за социјална политика, демографија и млади од 23  до 24 септември учествуваше на меѓународна конференција „Креирање на иднината 30 години после Пекинг: ефективни институционални механизми за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените", во Тирана, во соработка со UN Women. 

На конференцијата се дискутираше за постигнувањата, предизвиците и следните чекори во насока на остварување на Пекиншката Декларација за родова еднаквост.  На овој настан во согласност со стратешките приоритети на Владата за унапредување на концептот на родова еднаквост и недискриминација  во сите области на општественото живеење, превенција и заштита од сите форми на насилство спрема жените и девојчињата и вклучување на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите беа истакнати следните заложбите на Министерството за социјална политика, демографија и млади: 

Ќе  продолжи  процесот на заjaкнување на веќе постоечкиот национален законодавен и политички систем, вклучувајќи и донесување на нови закони и политики кои ги вклучуваат родовите перспективи и главно се усогласени со ЦОР 5;

Ќе продолжи процесот на донесување на  нови  законски решенија усогласени со ЕУ директивите, стратешки документи, програми и мерки за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените особено во областите на заштита од дискриминација, насилство врз жените и родово базирано насилство, економското зајакнување и родово одговорното буџетирање, здравствената заштита и пристапот до сексуално и репродуктивно здравје, со посебно внимание кон маргинализираните и ранливи групи жени;

Во наредниот период земјата ќе продолжи со градење на капацитетите на вработените во јавната администрација за родова еднаквост и вклучување на родовата перспектива како и ќе ја зајакне финансиската поддршка за унапредување на родовата еднаквост и ЦОР 5;

Ќе продолжи зајакнувањето на  систематското следење и евалуација на спроведувањето на законите, политиките, стратегиите, националните акциски планови и мерките насочени кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените;

Ќе  се подобри инклузивниот/партиципативен процес во подготовката на политиките, со  консултација на целните групи/засегнатите страни (на пример, жени од руралните области, Ромки, жени со попреченост и други маргинализирани групи); 

Ќе се продолжи со подобрување на производството и дисеминацијата на родовата статистика преку градење на капацитетите на ДЗС и другите актери во статистичкиот систем;

Ќе се  зајакне соработката и ќе се воведат јасни протоколи со производителите на административни податоци во националниот статистички систем за да се овозможи рационализирано производство, анализа, употреба и дисеминација на родовата статистика 

Ќе се направат напори за зголемување на  финансиската поддршка и партнерството со граѓанските организации кои работат на родова еднаквост и зајакнување на  жени за да се овозможи спроведување на активности на ниво на локалните заедници;

Ќе продолжи со напорите за намалување на родовиот јаз во економијата и подобрување на положбата на жените на пазарот на трудот;

Ќе се засилат реформите во образовниот процес за спроведување на родово-сензитивни програми кои работат на искоренување на родовите стереотипи, спречување на насилство и сексуално образование во насока на унапредување на репродуктивното здравје и

Ќе се работи континуирано на едукација и информативни кампањи за подигање на свеста за справување со родовите стереотипи и дискриминаторски практики.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }