25.11.2024
Делегација на Министерството учествува на обука во Виена со цел подобрување на системот за социјална заштита на лицата со попреченост
Делегација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, предводена од Државниот секретар на министерството, Фатмир Сабриу престојува во Виена, Австрија во периодот од 25- 28 ноември поради обука која има за цел да одговори на клучните прашања со кои се соочуваат земјите во регионот во нивните напори да ги реформираат своите системи за социјална заштита на лицата со попреченост. Обуката е во организација на Светска банка и УНИЦЕФ.
Обуката е насочена кон креаторите на политиките и вработените лица кои се одговорни за дизајнирање и спроведување на политиките за социјална заштита и мерките за поддршка на лицата со попреченост. Тоа ќе биде комбинација од теоретски принципи, студии на случај и интерактивни презентации за најдобрите и иновативни практики од целиот регион, вклучувајќи ги и земјите-членки на ЕУ.
На четиридневната обука учествуваат: владини претставници, локални власти, даватели на услуги и организации на лица со попреченост.
Системите за социјална заштита треба да се реконципираат за да им овозможат на лицата со попреченост да ги задоволат своите потреби преку социоекономско учество во нивниот животниот циклус.