15.05.2025
Државниот секретар Сабриу присуствуваше на отворање на Дневниот центар ГНЕЗДО – Центар за деца и родители во социјален ризик
Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу присуствуваше на официјалното отворање на Дневниот центар ГНЕЗДО – Центар за деца и родители во социјален ризик.

Центарот ќе обезбедува психосоцијална, образовна, правна и практична помош и поддршка на децата и семејствата во ризик.
„Сакам да потенцирам дека овој Центар, не претставува само инфраструктурен објект. Тој претставува симбол на солидарност, човечност и вистинска грижа за секое дете и секое семејство во нашата заедница. Тој ќе претставува место каде што секој ќе може да се почувствува слушнат, разбран и поддржан. Тоа се и нашите заложби како министерство, да изградиме мрежа на сигурност и можности, каде што децата ќе имаат пристап до образование, грижа и љубов, а родителите – поддршка, разбирање и алатки за подобра иднина,“ истакна Сабриу.

Тој посочи дека Министерството силно ги поддржува иницијативите како оваа. Која претставува дел од пошироката стратегија на државата за интегрирана, достапна и одржлива социјална заштита, каде што секој поединец има шанса за достоинствен живот.

Центарот се отвора со поддршка на Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија, ЕКПАТ Австрија, а ќе го води Здружението Новинари за човекови права. Целосна поддршка во неговото функцонирање центарот ќе добива од министерството, месно надлежниот центар за социјални работи и локалната самоуправа.