22.11.2024

Дводневна конференција на тема: „Борба против бездомништвото – општествени одговори и одговорности”

Дводневна конференција на тема: „Борба против бездомништвото – општествени одговори и одговорности”,  се реализираше во рамките на проектот “Грижи се II- Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население во Северна Македонија”, во Скопје. Организатори на настанот беа проектните партнери: Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ – Тетово, Хуманитарно добротворна фондација МАКЕДОНСКИ КАРИТАС - Скопје и Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ.

Свои излагања имаат повеќе искусни практичари и професионалци кои работат во областа на бездомништвото во Северна Македонија како и  експерти од регионот, односно од Словенија, Хрватска, Србија.На настанот во име на Министерството за социјална политика, демографија и млади се обрати Посебниот советник во Кабинетот на министерот, Метин Лимани кој се осврна на предизвиците кои ги носи бездомништвото.

„Во досегашната пракса беа применети различни пристапи за решавање на овој проблем. Меѓутоа, останува потребата од поголема вклученост и координација на повеќе ресори во насока на надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија на лица,“ истакна Лимани.

Како такви ги посочи здравствениот,  станбениот сектор и достапноста на домови со субвенционирана станарина, како и образовниот сектор со достапни програми и начини за доквалификација  и стекнување со неопходниот степен на образование за лицата кои го немаат.

Тој посочи дека системот на социјалната заштита обезбедува поддршка за бездомните лица за остварување на парични права од социјална заштита, како и привремено сместување во Центар за бездомни лица. Но и истакна дека тие мерки не се доволни за излегување во пресрет на проблемите со кои се соочуваат.

За бездомните лица во Македонија, во согласност со Законот за социјална заштита ,постои  Центар за бездомници со капацитет за згрижување од 30 лица. 

Тој упати на проактивноста на општините која е од особена важност, затоа што на тој начин социјалните услуги можат да се доближат до граѓаните на локално ниво. 

„Министерството долг период соработува и финансиски поддржува и активности на Црвениот крст на Македонија во насока на поддршка на бездомните лица, а ќе продолжи и со поддршка на други заинтересирани даватели кои ќе се јават за обезбедување на услуги за оваа категорија на граѓани,“ рече Лимани.

Тој ја нагласи е потребата од поддршка за вклучување на пазарот на труд на најтешко вработливите категории на граѓани со цел  да се постигне нивна ресоцијализација и повторно враќање во нормалниот систем на државата. 

Како заклучок, Лимани истакна дека има многу начини да се помогне во борбата против бездомништвото, а  наша обврска е да изнаоѓаме одржливи и долгорочни решенија кои го зајакнуваат и гарантираат пристапот до основните социјални услуги, вклучувајќи го домувањето, вработувањето, образованието, здравствената и детската заштита. 

„Наша должност е да се погрижиме секој човек во ризик повторно да си го заштити својот интегритет,“ порача Лимани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }