08.08.2025
Финансиска поддршка за потрошена електрична енергија во 2025 година за лица со попреченост
Со цел унапредување на социјалната сигурност и намалување на трошоците за домаќинствата, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за доделување финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година.
Оваа мерка претставува значајна придобивка за ранливите категории на граѓани, особено за корисниците на надоместок поради попреченост, кои имаат можност да добијат директна финансиска помош за покривање на дел од трошоците за електрична енергија.
Право на поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и глуво лице, корисници на посебен надоместок заради попреченост со навршени 26 години возраст, а без оглед на старосната возраст, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од:
- 24.500,00 денари за едночлено домаќинство,
- 42.000, 00 денари за домаќинство со два члена,
- 60.000, 00 денари за домаќинство со три члена и
- 80.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот надоместок согласно Законот за социјалната заштита.
Правото на аплицирање може да се оствари со поднесување на барање во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот огласи или на https://energy.gov.mk
Повеќе информации и упатства за начинот на аплицирање, на: https://energy.gov.mk/.../javen-oglas-za-finansiska...
Министерството за социјална политика,демографија и млади ги охрабрува граѓаните кои ги исполнуваат наведените услови да ја искористат оваа можност за финансиска поддршка која директно придонесува кон подобрување на нивниот животен стандард.