24.07.2024
Ѓоко Велковски стапи на функцијата заменик-министер за социјална политика, демографија и млади
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска му посака добредојде и успешна работа на новата позиција на новоназначениот заменик- министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
На средбата двајцата функционери се осврнаа на приоритетите на Министерството за социјална политика, демографија и млади и градењето на меѓусебна тесна соработка која ќе биде во насока на унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.