27.05.2022

Хусеин: Продолжуваме со креирање на мерки и програми со кои го олеснуваме животот на лицата кои се во социјален ризик

Заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“.

Во своето обраќање тој се осврна на социјалните и економските аспекти кои се неразделен дел од транзицијата, како и борбата против енергетската сиромаштија, кои се од огромна важност во време на економска, енергетска и безбедносна криза во Европа.

„Зголемената неизвесност поврзана со развојот на пандемијата и нарушувањата во однос на глобалните синџири на снабдување, актуелните геополитички тензии, како и зголемената неизвесност на светските пазари на енергенси, поттикнаа значително зголемување на цените на енергенсите и основните прехранбени производи на светските берзи. Ваквите трендови кај светските цени се одразија и врз домашната економија и домашните цени во Северна Македонија, како мала и отворена економија“, рече Хусејин.

Тој посочи дека, со цел заштита на потрошувачите и нивниот животен стандард од директното влијание на растот на цените на енергенсите и прехранбените производи, Владата на Република Северна Македонија донесе низа мерки за справување со ваквите глобални трeндoви.

Тој се осврна на Одлуката за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало, со што практично се спречи понатамошно зголемување на цените на основните прехранбени производи во перидот декември 2021 година до февруари оваа година, а за наредните три месеци се определува највисоката трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10% на продажната цена во трговија на мало како посебен услов во трговијата.

„Во време на светска криза од која не бевме ниту ние како држава поштедени, овозможивме системот на социјалната заштита, да ги апсорбира новите случаи на социјално необезбедени граѓани, преку мерки, активности, програми и политики за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните,“ рече Хусејин.

Тој информираше дека во 2019 година беше воспоставен реформиран систем на социјална заштита, чија цел е намалување на стапката на сиромаштија, особено за ранливите категории и нивна успешна реинтеграција во општеството. Се изврши редизајнирање на права на парична помош од социјална заштита, односно социјалната парична помош се реформира и надградува во гарантирана минимална помош, како парично право за лицата/домаќинствата во ризик поради материјална необезбедност.

Со Законот за социјална сигурност за старите лица, се обезбеди право на парична помош во висина од 6000 денари, за околу 9500 лица, кои неможат да обезбедат средства за егзистенција по други основи. А со тоа директно се влијае на намалување на процентот на сиромаштијата кај старите лица над 65 годишна возраст. На корисниците на гарантирана минимална помош и на социјална сигурност за стари лица, износот на паричната помош, ја зголемивме за 1.000 денари месечно во текот на шестте зимски месеци за покривање на зголемените трошоци  за греење во домаќинството.

„Преку реформа во областа на заштитата на децата, се овозможи за прв пат корисниците на гарантирана минимална помош да можат да користат детски додаток и образовен додаток за деца кои редовно посетуваат настава во основно и средно училиште, заради поддршка на родителите во подмирувањето на училишните трошоци, со што се превенира раното напуштање на училиштето. Од донесувањето на валдината уредба до декември 2020, бројот на корисици на ГМП е зголемен за 15%. Во 2021 година, беа опфатени околу 5000 нови домаќинства додека проценетите фискални импликации за 2022 година се околу 10 мил. евра.

Дополнителна мерка за поддршката на ранливите категории на граѓани е финансиска помош за потрошувачка на електрична енергија, покривајќи повеќе од 3.500 домаќинства и 9.000 пензионери.

„Како Влада и министерство грижата за ранливите категории граѓани ни е приоритет и голема одговорност. Затоа, продолжуваме со креирање на мерки и програми со кои го олеснуваме животот на лицата кои се во социјален ризик. Затоа што сите граѓани се важни и сите граѓани имаат право на пристоен и достоен живот", рече Хусејин.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }