18.07.2023

Консултативна средба за нацрт-верзијата на Стратегијата за демографски политики 2024 – 2044 година

Консултативна средба за нацрт-верзијата на Стратегијата за демографски политики 2024 – 2044 година денеска се одржа во Клубот на пратенички на Собрание на Република Северна Македонија со цел информирање и запознавање со процесот за развој на новата Стратегија во присуство на пратеничките.

На консултативниот состанок во рамки на подготовката на документот за демографски политики, чиј носител е Министерство за труд и социјална политика, а поддржан и воден од UNFPA North Macedonia, беа истакнати главните цели, важноста и инклузивниот процес на подготовката на Стратегијата.

Целта на овие консултации е што поширока поддршка и вклученост на државните институции, универзитетите, МАНУ, невладините организации и меѓународните агенции, со клучна улога на пратеничките.

Фотографии: Собрание на Република Северна Македонија

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }