25.07.2024

Лимани: Едукацијата и разбирањето на концептот антициганизам ќе придонесат кон градење на еднакво општество 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска имаше свое обраќање во рамки на одржувањето на Националниот тренинг за човекови права – „Roma Youth Combating Antigypsyism”, во организација на Институтот за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО во партнерство со Здружението на граѓани „РОМАВЕРЗИТАС“ Скопје. Тренингот е поддржан од Одделот за млади на Советот на Европа во рамките на програмата Млади за демократија.

Главна цел на тренингот е унапредување на вештините на учесниците да дејствуваат како обучувачи или мултипликатори за едукација за човекови права и антициганизам во контекст на национални или локални курсеви за обука преку користење на COMPASS и MIRRORS.

Министерот Лимани посочи дека темата – антициганизам и отворена дискусија на истата е важна, затоа што така може да се дојде  до структурни и политички промени за Ромите во Западен Балкан и промени во перципција на Ромите.

„Манифестацијата на антициганизмот низ призмата на јавни политики и пракси се јавуваат во секојдневниот живот на Ромите. Затоа, од клучно значење е да се земе предвид системската или структурната природа на антициганизмот. Оттука, потребна е едукација на општеството, разбирање на концептот и дефинирање на механизми кои ќе го спречат овој феномен и ќе придонесат кон еднакво општество,“ истакна Лимани.

Тој се осврна политиките и проектите на кои работи министерството изминатиот период, како и продолжување на истите. Притоа, беа посочени заложбите за поголема инклузија на децата Роми во предучилишното образование, поголема информираност на припадниците на ромската заедница преку ромските информативни центри, вклучување на невработените Роми во активните мерки за вработување, идентификување на лицата неевидентирани во матичните книги на родени, мерката -  младинска гаранција,  која таргетира невработени млади лица и друго.

Лимани искажа уверување дека фокусот на политиките за вработување остануваат приоритет на оваа Влада со акцент на младите.  

Министерот на присутните им посака успешен тренинг, стекнување на многу позитивни искуства, добри практики за застапување на човекови права и борба против антициганизмот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }