17.10.2024

Лимани: Француската поддршка е добредојдена, заедно продолжуваме да работиме на политиките за млади, родовата еднаквост и во борбата против насилството
 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија Кристоф Ле Риголер.

На почетокот на средбата министерот Лимани упати честитка до амбасадорот Ле Риголер за неговото именување на позицијата амбасадор и му посака успешна работа за времетраењето на неговиот мандат.

На средбата се разговараше за областите кои се под надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади со посебен акцент на новоформираните сектори – демографија и млади.

Соговорниците се согласија дека предизвиците со демографијата и иселувањето на младите се предизвици со кои се соочува не само Македонија, туку и пошироко, Европа и светот. Притоа беше посочено дека од особено значење се политиките кои се стреми секоја влада да ги реализира за поуспешно да се справи со овој предизвик.

Министерот Лимани се осврна на клучните прашања кои на кои треба да се работи во насока на подобрување на демографската слика во државата и задржување на младите во својата земја. Притоа, го посочи подобрувањето на економската моќ на семејствата, но и обезбедување на услови и можности за младите да работат и создаваат во својата држава, па и враќање на оние кои студирале во други земји.

 

На средбата стана збор и за родовата еднаквост и борбата против сите видови на насилство врз жената и семејното насилство и механизмите за нивно сузбивање. Се разговараше и за склучување на договор за социјално осигурување, за што заклучокот беше дека процесот ќе биде забрзан и се очекува во разумно време да биде завршен.

Од страна на францускиот амбасадор беше истакната поддршката во сите области за кои стана збор на средбата и беше изразена подготвеност за продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }