27.03.2025

Лимани: Градењето на мостови на соработка, на чувство на заедништво, на поддршка,  играат многу важна улога во градењето и развивањето на нашата младина

Денеска се одржа четвртатата седница на Советодавното тело на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ кој има за цел јакнење на улогата на младите во промовирањето на зголемено меѓусебно разбирање, конструктивен наратив, почитување на различностите и градење на доверба.

 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Рита Колумбија, постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава се ко-претседатели на телото во кој членуваат повеќе агенции на ООН во земјава - UNFPA, UN WOMEN, UNESCO, UNDP, UN RCO.

Во своето обраќање пред членовите на телото тој изрази благодарност до сите вклучени во активностите на истиот и искажа уверување за продолжување на партнерската  работа во насока на  унапредување на условите и можностите  за нашите млади. 

„Сакам да ја истакнам важноста на сплотеноста и заедничките наши напори во реализација на целите од овој проект, кој ги поврзува младите од регионот. Градењето на мостови на соработка, на чувство на заедништво, на поддршка,  кои играат многу важна улога во градењето и развивањето на нашата младина. Вклученоста на младите во креирањето и имплементацијата на политиките, обезбедувањето на едукација, стекнување на вештини и размена на искуства помеѓу  младите од регионот кое што создава колективно чувство на припаѓање и важност на секој еден млад човек,“ порача Лимани.

Тој се осврна на ужасната трагедија во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица, за која нагласи дека тоа е огромна загуба за сите нас, која засекогаш ќе остане запаметена. Притоа, посочи дека таа загуба е уште еден аларм за сите нас дека треба уште понапорно и уште посветено да работиме да ги заштитиме нашите млади, да работиме на обезбедување на побезбедни услови за нивни раст и развој и уште поголема поддршка за реализација на нивните потенцијали. 

„За да постигнеме колективна свест треба да започнеме со будење на  индивидуалната свест и индивидуален пристап. Секој еден човек да тргне од себе. Правејќи и повеќе од своите можности во обезбедувањето на  поквалитетен живот на својата младина,“ рече Лимани.

Тој упати порака до младите, дека секој од нив  е носител на промени, и секој од нив има моќ да остави позитивен траг во светот. Да продолжат да се борат за своите идеи, бидејќи иднината е токму онаква каква што ќе ја изградиме заедно.

На крајот посака многу успех во реализацијата на проектот и благодарност на сите вклучени во истиот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }