18.12.2024

Лимани: Граѓанските организации-даватели на социјални услуги се наш партнер во обезбедувањето на благосостојба на граѓаните

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска се сретна со претставници на неколку граѓански организации- даватели на социјални услуги. На средбата се разговараше за заедничките заложби и цели на кои работат двете страни, а тоа е обезбедување на благосостојба на граѓаните, корисници на услугите.

Соговорниците разговараа за резултатите на социјалната реформа, со акцент на деинституционализацијата и социјалните услуги,  кои претставуваат одличен пример во регионот за тоа како системот на социјална заштита е во корист на корисниците на услуги.

Од страна на Министерството, беше посочено дека со почетокот на 2025 година предвидена е ревизија на Законот за социјална заштита, уредување на подзаконските акти и мониторинг евалуација на социјалните услуги.

Како и дека, наскоро ќе биде објавен и нов јавен повик за изразување интерес на општините за воспоставување и проширување на социјалните услуги и зголемување на бројот на корисници.

Соговорниците се согласија во заедничките цели- јакнење на системот на социјална заштита, а тоа најдобро се прави преку зајакнување на социјалните услуги преку кои корисниците се подготвуваат за живеење со поддршка и  нивно вклучување на пазарот на труд, како активни чинители во општеството.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }