01.10.2024

Лимани: Меѓународниот ден на старите лица, го одбележуваме со повисоки пензии и цели за подобар пензионерски стандард

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска беше во посета на корисничка на услугата помош и нега во домот, пензионерка која живее сама и е корисничка на оваа услуга повеќе од една година. Услугата ја обезбедува АДЗ АДРА Скопје на територијата на Општините Бутел, Чаир и Чучер Сандево и за таа цел е лиценцирана од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

 

Министерот Лимани и корисничката на услугата, г-ѓа Радојка Николова Славкова, разговараа за неколку теми, стандардот на пензионерите, услугата помош и нега во домот и за младите. Зборуваа за тоа дека денеска сите 340.000 пензионери добија за 2500 денари повисоки пензии, а со покачувањето во месец март ќе добијат дополнителни 2500 денари. Тоа се повисоки пензии за 5000 денари и претставува едно од ветувањата на оваа Влада.

  

Корисничката на услугата изрази задоволство од можноста за користење на услугата помош и нега во домот, особено полезна за старите лица кои се сами и им е потребна поддршка. 

Министерот Лимани истакна дека покачувањето на пензиите и воспоставените услуги се само дел од она кое што овој ресор го работи, односно дека се работи на подобрување на можностите за попристоен живот на сите стари лица преку мерки и инвестиции кои ќе го овозможат тоа. 

Соговорниците се согласија дека со ангажирањето на млади лица како лиценцирани негуватели се придонесува кон намалување на невработеноста.

Со цел ова социјална услуга да е подостапна и да ги задоволи потребите на  корисниците, оваа услуга се обезбедува  на територијата на цела држава, односно во  39 општини преку 22 центри за социјална работа со кои министерството има склучено управни договори. Оваа услуга ја добиваат околу 2300 корисници од страна на околу 620 сертифицирани негуватели. 

Министерството преку цела година придонесува да се шири мрежата на даватели на социјални услуги со отворен процес на лиценцирање.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }