21.11.2024
Лимани: UNFPA е наш партнер и поддржувач на политиките и стратегиите за демографијата, младите и родово – базираното насилство
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со регионална претставничка на UNFPA, Џастин Кулсон и шефицата на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља.
Министерот и посака добредојде на новата регионална претставничка на UNFPA, Џастин Кулсон со желба за продолжување на одличната соработка и продолжување на заедничките заложби за унапредување на состојбите во земјата, преку политики кои ќе значат подобрување на демографските предизвици, младинските политики на национално и локално ниво и сузбивање на родово базираното насилство преку механизми кои ќе дадат резултати.
На средбата уште еднаш се потврди партнерството со UNFPA и нивната поддршка на политиките и стратегиите кои се опфатени со демографијата, младите и родово – базираното насилство.